Проверете и избришете ги апликациите кои ве шпионираат

Проверете и избришете ги апликациите кои ве шпионираат

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку долго време сте на „Фејсбук“, можеби сега е вистинското време да проверите каде исчезнаа сите оние апликации за праќање кафиња или цвеќиња. Некои од нив можеби ве шпионираат. Секоја нова верзија на социјалната мрежа носи нови мерки на заштита на основните податоци на корисниците, но кај апликациите кои за влез ја користат платформата одговорни се само корисниците.


Имено, некои од тие апликации бараат пристап до нашите податоци уште на почетокот, а некои имаат и дозвола за нивно споделување, верувале или не. Проверете што сте инсталирале досега и оневозможете го понатамошниот пристап до вашите информации.

Пристапете до поставките

Притиснете на иконата во горниот десен агол или одберете Settings-Apps-App Settings-Show All.

Да почнеме со чистење

Кога пред себе ги имате сите апликации кои ги користите или сте заборавиле дека ги користите може да започнеме со чистење. Може да одберете Edit Settings или Remove, но треба да знаете дека бришењето на апликациите не ги отстранува информациите кои веќе ги имаат за вас.

Длабинско чистење

Доколку сакате да бидете сигурни дека не ве шпионира ниту една апликација, во некои случаи е потребно да ѝ се обратите на компанијата која стои зад апликацијата преку „App centre“ и да побарате отстранување на вашите податоци.

Целосен „ресет“

Ова може да се постигне со опцијата Disable platform во „Apps, Websites and Plugins“, но со тоа го оневозможувате и пристапот до апликации кои бараат влез преку „Фејсбук“, а се бришат и објавите и резултатите поврзани со апликациите.