Погледнете што ѕвездите ви кажуваат за овој месец.
Овен
Работа - Марс се наоѓа во куќата на комуникациите што е одговор на прашањето: „Како да ја зголемите заработката“. Со ова ќе се зголеми вашата енергија и ќе добиете дополнителни вештини за комуникација. Венера во Лав, ќе се насочи кон пронаоѓање на најдобар начин за заработка. Значително подобра ситуација од средината на месецот.
Љубов - Со влегувањето на Венера во вашето поле на љубовта на самиот почеток на месецот, малку ќе се помати вашата среќа. Вашата љубов и понатаму е под заштита. Оние кои се слободни повеќе внимание треба да им обрнат на Стрелецот, Бикот, Рибата и Вагата. За да ја зачувате семејната хармонија, треба да биде потолерантни и да не влегувате во расправа.
Здравје - Ако патите од несоница, главниот виновник е стресот.
Бик
Работа - Убави случувања на овој план но добро е со договори да почекате во втората половина на месецот. Влегувањето на Венера во знакот на Лав, ќе поттикне трошоци кои не ви се воопшто потребни. Во овој период ќе профитираат оние кои се занимаваат со приватен бизнис.
Љубов - Јупитер, планетата на среќа, го чува вашето семејство и немате причина за грижење. Партнерските однос, како личните така и професионалните, влегуваат во чувствителна фаза и морате да работите на нивото на толеранција која ја практикувате.
Здравје - Изложете се повеќе на сонце, тоа е одличен начин да го елиминирате стресот кој ве притиска.
Близнаци
Работа - Со Марс во вашиот знак, кој ве поврзува со куќата на заработка и професијата со која се занимавате, ќе ви донесе пристојна количина на пари со вредност која не можете да ја ставите во втор план.
Љубов - Венера, планетата на љубов поголемиот дел од времето го поминува во Лав, каде тежнее кон самоистакнување и драматизација, и цел месец имате можност да бидете внимателни кога станува збор за односите со вашиот партнер. Оние кои се слободни, некоја нова љубов бараат во Лав, на некој пократок пат или низ ходниците на компанијата во која работат.
Здравје - Со влегувањето на Марс во вашиот знак, добивате полет и енергија.
Рак
Работа - Владетелот на куќата на финансии се наоѓа во куќата на тајни активности, па постојат одлични можности за заработка. Со Јупитер во Лав, постојано се дополнува вашиот паричник. Бидете подготвени на неочекувани околности кои ќе ви ги уништат плановите за заработка. Ова особено се однесува на првата половина на месецот.
Љубов - Враќањето на Сатурн во вашето поле на љубовта носи студенило. Планетата на љубовта, Венера, во знакот на Лав ќе ви донесе драматизација во вашата љубов, особено во првата половина на месецот. Слободните можат да сретнат Лав, а оние кои имаат партнер, мораат да бидат внимателни кон него.
З
дравје - Стресот и понатаму е ваш голем здравствен проблем.
Лав
Работа - Планетата на вашите финансии, Меркур, е во знак на Близнаци, а тоа значи дека доколку сакате да заработите повеќе, мора да се потрудите да вложите повеќе труд на професионален план. Венера во Лав е најдобар поакзател дека се` ќе ви оди како подмачкано. Доста подобри услови за вашата кариера, во однос на претходниот месец.
Љубов - Враќањето на студениот Сатурн најавува уште постудена атмосфера во семејните односи. Подигнете го нивото на толеранција на максимално ниво. Кога станува збор за љубовта, немате причина за грижа во текот на овој месец, особено кога Сатурн ќе излезе од вашето поле на љубовта. Бидете внимателни и не влегувајте во партнерски односи првата половина на овој месец.
Здравје - Потребна ви е поголема физичка активност која ќе биде добитна комбинација за вашето здравје.
Девица
Работа - Еден Лав ќе влијае врз сите ваши договори и врз вашиот шеф. Влегувањето на Марс во Близнаци е клучен чекор во вашата кариера. Поголемиот дел од вашите работни активности се поврзани со склучување на договори па затоа добро би било да ја почеката втората половина на месецот и да не донесувате некои непромислени одлуки.
Љубов - Сатурн во знакот на Стрелец уште во првата недела на месецот ќе ве ослободи од тешкото и оптеретувачко влијание. Јупитер ов Лав го чува вашето семејство од искушение. Внимавајте и не се расправајте со партнерот до средината на месецот. Новата љубов може да се крие во знакот на Лав.
Здравје - Болки во стомакот.
Вага
Работа - Близнаците, Стрелците и Рибите се луѓе со кои овој месец треба да се дружите, доколку сакате повеќе пари. Ова е месец во кој можете да очекувате заработка од професијата со која се занимавате. Крајно време е да ја капитализирате вашата вредна работа и да земете награди, првенствено пари, кои сте ги заслужиле.
Љубов - Планетата на љубовта, Венера веќе два месеци престојува во куќата на пријателите, што значи дека љубовта може да ја побарате токму таму. За оние кои се слободни, идниот партнер можете да го сретните било каде, а оваа положба укажува и на основање на брачна заедница. Доколку веќе имате партнер бидете потолерантни до средината на месецот бидејќи можете да паднете во несакани проблеми.
Здравје - Генерално, здравјето е во ред.
Шкорпија
Работа - Марс во Близнаци и вашата куќа на заработка ви зборуваат за силен ангажман на овој план, но и за пари кои треба да стигнат од сите страни. Со влегувањето на Марс во знакот на Близнаци, вашиот работен елан ќе се зголеми, а со тоа ќе се зголеми и вашата продуктивност. Можни се награди и зголемување на платата. Стрелец и Риби се добитна комбинација, доколку размислувате за партнери во бизнис.
Љубов - Вашата љубов ја штити положбата на Јупитер во знакот на Лав. Во наредниот период можете да пронајдете љубов во опкружување на професиите со кои се занимавате. Ако барате нова љубов, побарајте ја во знакот на Девица. Ќе има поизразен став за драматизација на односите, особено во првата половина на месецот. Обидете се да избегнете конфронтација со партнерот бидејќи тешко можете да се согласите со ставовите.
Здравје - Добро би било да се фрлите на балансирана исхрана и солидни физички активности.
Стрелец
Работа - Венера и Јупитер ви ветуваат пари низ соработката со странците како и Риби и други Стрелци. Марс во знакот на Близнаци ви дава поволности за оние кои заработуваат низ склучување на договорите. Ќе сакате да блескате на работното место, и во тоа и ќе ви успее.
Љубов - Позитивниот тренд од средината на минатата година се продолжува и во овој месец но внимавајте на недоразбирањата до средината на месецот, кога Меркур и ви се заканува. Одличните околности траат скоро цел месец, но внимавајте на расправиите со партнерот во првата половина на месецот.
Здравје - Повеќе престојување во природна и на сонце; ова е добитна комбинација за вашето здравје.
Јарец
Работа - Еден од владетелите на вашите финансии се наоѓа во куќата на тајните, што значи дека можете да зарабтоувате надвор од работата, но ако некој ве дознае тогаш би можел да ви направи проблеми со законот. Јупитер се наоѓа во куќата на заработка, и ви препорачува склопување на договори токму во првата половина на месецот. Најсигурните пари се наоѓаат преку напорната работа.
Љубов - Влегувањето на Венера во куќата на љубовта ви дава насока како да ги решавате љубовните проблеми кои ќе ги имате во првата половина на месецот. Слободните љубовта можат да ја пронајдат во Рибите додека се забавуваат. Несогласувања со домашните, па затоа добро би било да се воздржите од коментари.
Здравје - Можно е депресијата да ве совлада во текот на втората половина на јуни.
Водолија
Работа - Стабилност на работно поле. Јупитер се наоѓа во Лав, а со тоа вие имате огромна добивка и корист. Вашата добитна комбинација е друга Водолија со која ќе имате одличен бизнис однос и со која ќе реализирате голем број проекти. Во првата декада на месецот Сатурн ќе биде во вашето поле на кариера, со што ќе ги искомплицира работите и ќе ви ја уништи среќата.
Здравје - Не претерувајте со цигарите и брзата храна.
Риби
Работа - Владетелот на вашите финасии, Марс, се наоѓа во добар знак што ќе доведе до постојан прилив на финансии. Оние на кои финансиите им зависат од семејството или се занимаваат со приватен бизнис ќе имаат поголем успех од останатите, особено во втората половина на месецот. На вашите финансиски резултати ќе влијае ангажманот на работното место.
Љубов - Малку топло, малку студено; вака ќе се карактеризира овој месец кога станува збор за љубовта. Толеранцијата ќе биде неопходна во текот на целиот месец. Лошата ситуација ќе трае до 14 јуни, кога Меркур ќе ве ослободи од проблемите.
Здравје - Доста солидно.