Германија очајно бара негуватели

Германија очајно бара негуватели

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

работа

 

Германија се`уште се соочува со потешкотиите поврзани со недостатокот на работна сила на специфични професии. Иако повеќе не се применува рестриктивната имиграциона политика, политиката која заговара поголем „увоз“ на работна сила се`уште не се соодветно промовирани.


Посебен недостаток на работна сила во Германија веќе неколку години има секторот за негувателство. Имено, две третини од установите кои се занимаваат со оваа дејност имаат потреба за дополнителна работна сила.

Скоро 600 интервјуирани работодавци од овој сектор изјавија дека имаат потешкотии при вработување на нов персонал, но само 16% од нив се одлучиле да вработат луѓе кои не се од Германија.

Многу интервјуирани работодавци велат дека вработувањето на странските работници им одзема премногу време и пари.

Исто така, се`уште постојат многу законски препреки, такашто 83% од работодавците се соочиле со комплицирани процедури.

Посебно тешко е вработувањето на работници надвор од земјите членки на Европската унија.

Моментално во Германија најмногу оваа професија ја извршуваат Шпанците (61%), Полјаците (19%) и Хрватите (16%) додека кога станува збор за луѓе од земји кои не се од ЕУ, најмногу преовладуваат работници од Босна и Херцеговина, Русија, Кина и Филипините.