Оглас за вработување во ВИНЕР
Како компанија со континуиран раст и развој во сите свои сегменти, поради зголемениот обем на работа, ВИНЕР ЛАЈФ има потреба од искусни и амбициозни луѓе кои заслужуваат да работат во најдобри услови и со најдобри ресурси.
Од таа причина ВИНЕР ЛАЈФ објавува оглас за нови отворени работни позиции и тоа за:
ФИНАНСИСКИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
Задачи:
Продажба на сите производи од продажната палета на Винер Лајф
Придобивање на нови клиенти и одржување на однос со постојните клиенти
Подготовка на понуди за клиенти
Негување на добри меѓучовечки односи со луѓето од продажната мрежа на Винер Лајф и со клиентите
Доследно исполнување на плановите за продажба и превземените обврски
Потребни квалификации:
Пожелно работно искуство во продажба
Високо развиени комуникациски и презентациски способности
Тимска работа
Проактивно размислување, амбициозен и натпреварувачки дух
Спремност за превземање на одговорност
Способност за работа под притисок и конструктивно решавање на работни предизвици
ВИНЕР ЛАЈФ ви нуди:
МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, КОНКУРЕНТЕН СИСТЕМ НА НАГРАДУВАЊЕ И КОНТИНУИРАНА НАДГРАДБА, ЕДУКАЦИЈА И КАРИЕРА ВО ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ И VIENNA INSURANCE GROUP
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ги испратит на e-mail: life@winnerlife.mk
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.
Рок на аплицирање: 30 дена од датумот на објава.