Wifi-то наскоро би можело да биде минато

Wifi-то наскоро би можело да биде минато

Подготвил: Драгана Петрушевска

Се чини дека наскоро за испраќање пораки нема да треба да се користат било какви податоци, ниту мобилни ниту било какви други.


Во светот на кој сме навикнати да бидеме целосно приклучени на интернет и стануваме зависни за апликациите за испраќање пораки како „WhatsApp“ или „Viber“ дознаваме дека истото ќе биде возможно без приклучување на интернет.

На пример, апликацијата „Jott“ е една од апликациите која направи вистинска револуција меѓу американските тинејџери. Оваа апликација работи без постојано приклучување на wi-fi. Имено, апликацијата работи на принцип на испреплетени мрежи, односно вмрежување или безжично поврзување на уредите без потреба на централна организација.

Како функционира ова?

Паметните телефони стануваат мобилни точки самите. Таквите мрежи се отпорни на пречки бидејќи автоматски се конфигурираат и создаваат динамички врски за повеќеструко усмерување на сигнали и поврзување. Тие се потполно сигурни бидејќи ја враќаат одамна загубената анонимност на корисниците. Освен тоа, тие штедат пари кои би ги дале за интернет.

Апликациите како оваа се доволно способни за да создадат други такви апликации и да го отворат патот кон комуникацијата со многу поширока публика во земјите кои поради дигитализацијата на поголемиот дел од светот се исклучени од остатокот од светот и заедниците на социјалните мрежи.