Оглас за вработување во ГД Гранит АД
ГД Гранит АД - Скопје е најголема градежна компанија во Р.Македонија основана како Акционерско друштво со долготрајна традиција и искуство во изведување на големи
градежни проекти во земјата и странство.
ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ
Има потреба од :
Рударски инженер за оперативно технички работи
(1 Извршител)
Потрeбни квалификации:
ВСС дипломиран рударски инженер
Со и без работно искуство
Познавање работа на компјутер
Познавање на англиски јазик
Предност познавање на Auto CAD
Компанијата нуди:
Работа на територијата на Скопје и на терен
Работа на определено време до 3 месеци со можност за продолжување
Плата за огласеното работно место без работно искуство 18 000 денари
Плата за огласеното работно место со работно искуство над три години во областа, 22 000 денари
Рударски инженер на каменолом
(1 Извршител)
Потрeбни квалификации:
ВСС дипломиран рударски инженер
Со и без работно искуство
Познавање работа на компјутер
Познавање на англиски јазик
Предност познавање на Auto CAD
Компанијата нуди:
Работа на територијата на Скопје и на терен
За работа на определено време до 3 месеци со можност за продолжување
Плата за огласеното работно место без работно искуство 18 000 денари
Плата за огласеното работно место со работно искуство над три години во областа, 22 000 денари
Геолошки инженер за контрола и следење на геолошка документација на минерални суровини и нови наогалишта
(1 Извршител)
Потрeбни квалификации:
ВСС дипломиран инженер геолог
Со и без работно искуство
Познавање работа на компјутер
Познавање на англиски јазик
Предност познавање на Auto CAD
Компанијата нуди:
Работа на територијата на Скопје и на терен
За работа на определено време до 3 месеци со можност за продолжување
Плата за огласеното работно место без работно искуство 18 000 денари
Плата за огласеното работно место со работно искуство над три години во областа, 22 000 денари
Профил на личност:
Напредни комуникациски вештини
Тимски ориентирана личност
Иницијативност и самомотивираност
Добро организирана со флексибилен пристап кон работите
Позитивен став, посветеност, лојалност, темелност и трпеливост
Подготвеност за работа во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласените работни места ќе се одвива со полно работно време (8 часа) од понеделник до петок, со работно време од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае пет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрие Чуповски бр.8, или на E-mail: granitjobs@gmail.com . При доставување на молбите за работа кандидатите задолжително да го наведат редниот број на работното место за кое конкурираат.