Јапонците ја изградија најгенијалната градинка досега

Јапонците ја изградија најгенијалната градинка досега

Подготвил: Драгана Петрушевска

Градинката треба да биде место за забава и рекреација, па јапонските архитекти одлучиле да им го дадат тоа на децата.


Повеќето деца се среќни кога врне дожд бидејќи може да скокаат во локвите вода. Јапонските архитекти закчучиле дека најдоброто место кадешто треба да им биде допуштено на децата да скокаат во водата и да не се грижат за наводнување на чевлите е градинката.





Едно архитектонско студио од Кумамото создало градинка во која подот е направен такашто на него се собира големо количество вода додека врне дожд за децата да може да играат во неа. Дворот на градинката е создаден за собирање на дождот, па по сите врнежи децата имаат можност да играат неуморно.

Во зима лизгалиште

Главниот архитект Хибино Секеи го дизајнирал дворот на тој начин за во текот на сувото време просторот да може да функционира како простор за бадмингтон, а во текот на зимата да може да стане лизгалиште.





Освен ова, во градинката учениците имаат можност да донесат сопствени столови и маси кои си ги носат со себе кога си заминуваат од градинката за да се задржи свежината и динамичноста на просторот.