Оглас за вработување во Алкалоид... Се бара графички дизајнер

Оглас за вработување во Алкалоид... Се бара графички дизајнер

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас. 

А Л К А Л О И Д А Д – С К О П Ј Е
го објавува следното слободно работно место:

1. ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации
1.1.Графички дизајнер – 1 (еден)


Потребни квалификации и вештини:
– Задолжително работно искуство минимум 2 години на позиција графички дизајнер;
– ВСС – пожелно е да има завршено ликовна академија;
– Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, Indesign, Illustrator, Acrobat Professional;
– Познавање на процесот на печатење;
– Одлично познавање англиски јазик;
– Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини;
– Креативност и иницијативност за самостојно истражување;
– Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови;
– Поседување возачка дозвола Б-категорија.

Цел и одговорност на работното место:
– Графички дизајн и подготовка за печат;
– Конципирање и изработка на дизајн на амбалажа за нови производи, како и проекти во насока на редизајн на постоечкото портфолио;
– Дизајн и подготовка за печат на објави во весници и во списанија;
– Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции;
– Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации;
– Интерна ефективна комуникација во компанијата за дефинирање на целите и на основните елементи од финалниот дизајн;
– Комуникација со маркетинг-агенции и со печатници, со цел обезбедување квалитетна подготовка за печатење согласно со зададените стандарди.

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7.30 до 15.30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 25.357 до 39.433 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, сопственото портфолио, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта: career@alkaloid.com.mk со назнака: „За оглас – графички дизајнер“

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.

Маркетинг365.мк