Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

ПОМЛАД ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИТИЧАР
(JUNIOR LABORATORY ANALYST) 

Џонсон Мети има потреба од ПОМЛАД ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИТИЧАР (JUNIOR LABORATORY ANALYST) кој ќе му се придружи на нашиот Оддел за контрола на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Успешниот кандидат ќе биде дел од тимот на лабораторија и ќе биде одговорен за анализа на примероци на ниво на смена, користејќи лабораториска опрема со цел исполнување на стандардите за квалитет и задоволување на потребите на клиентите и останатите оддели во фабриката. 

Основните задолженија за позицијата вклучуваат:
Прием, подготовка и анализа на примероци од одделите за Производство и Осигурување на квалитет, како и други фабрики на Џонсон Мети
Внес на резултати од направените анализи, во LIMS и WRMS системите
Архивирање на документација поврзана со процесите во лабораторијата
Следење на процедурите во одделот
Имплементирање и следење на LEAN принципите
Идентификување на проблеми со опремата во лабораторијата и известување за истите
Следење на добра лабораториска пракса
Следење и придржување кон правилата за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот, и сл.
И други работни задачи согласно описот на работното место

Идеално, кандидатот е потребно да ги исполнува следните критериуми:
Пожелно е претходно лабораториско работно искуство
Задолжително е високо образование од областа на аналитичка хемија
Пожелно е искуство со работење во динамична и комплексна работна средина
Компетентен корисник на Microsoft Office софтвер како и системи кои се користат во лабораториско работење
Пожелно е солидно владеење на англискиот јазик

Позицијата подразбира работа во смени и за време на викенди.

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.

Краен рок за доставување на апликациите: 11/07/2015