Како можете легално и бесплатно да добиете Windows 10?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Windows 10 треба да излезе на 29 јули, а поголемиот дел од сегашните корисници на Windows ќе имаат можност да ја надградат поновата верзија бесплатно.
Постои доста конфузија во врска со постарите верзии на Windows и дали тие ќе имаат опција за бесплатно ажурирање, и секако постои неизвесност околу тоа дали луѓето ќе добијат Pro или Home верзија од Windows 10.
За работата да биде уште позбунувачка, Мајкрософт даде изјава дека пиратските копии од Windows ќе бидат надградени во вистинска верзија на Windows 10, па поради сето ова дефинитивно постои потреба од појаснување.
Ако сте несигурни за тоа дали ќе добиете бесплатна надградба на Windows 10 и ако не знаете која верзија ќе ја добиете, тогаш дефинитивно треба да ги следите чекорите кои ќе ви понудат надградување на Home во Pro бесплатно - дури и ако е пиратска верзија.
Корисници кои користат Windows 7 или 8.1
Најпрво, ако имате официјална верзија на Windows 7 или 8.1, тогаш ќе можете да извршите бесплатна надградба на Windows 19 се` додека ја резервирате копијата до летото 2016 година. Имајте на ум дека Windows 8 корисниците треба претходно да имаат добиено бесплатно ажурирање на 8.1, па ако се`уште сте на Windows 8, проверете за надградба на системот.
Ќе има две стандардни потрошувачки изданија за Windows 10 за компјутери - Home и Pro издание. Оние кои имаат Windows 7 i 8.1 изданија ќе ги добијат овие две ажурирања:
Windows 10 Home
Windows 7 Starter
Windows 7 Home Basic
Windows 7 Home Premium
Windows 8.1
Windows 10 Pro
Windows 7 Professional
Windows 7 Ultimate
Windows 8.1 Pro
Windows 8.1 Pro for Students
Ако вашата моментална Windows верзија е на листата погоре, резервирањето на Windows 10 надградба е лесно. Во одреден момент или во блиска иднина ќе ви се појави мало Windows лого во вашиот прозорец. Едноставно кликнете на логото за да започнете.
Откако ќе кликните ќе ви се појави ново прозорче. Кликнете го копчето„Reserve your free upgrade“, а потоа внесете ја вашата меил адреса за да се осигурате дека ќе добиете бесплатна верзија. Кога ќе дојде 29 јули, ќе можете да кликнете на истото лого за да го започнете процесот на инсталација.
Корисници кои имаат не-оригинална копија на Windows 7 или 8.1
Ако вашата копија на Windows 7 или 8.1 е пиратска, повторно ќе имате можност да ја надградите. Но, треба да знаете дека надградувањето нема да ја претвори копијата во оригинал, па се`уште ќе ја добивате пораката „Тhis copy of Windows is not genuine“, а вашата десктоп позадина повторно ќе биде црна после еден час.
Хакирање за надградба на Windows 10 Pro
Ако вашата актуелна верзија не е прифатлива за надградба на Pro издание, треба да знаете дека постојат опции за да ја претворите во прифатлива, меѓутоа нема да се знае за сигурно до 29 јули. За луѓе кои имаат Non-Genuine копија, или било каква верзија која не ги исполнува условите, вреди да се обиде.
За почеток, ќе мора да се приклучите на Windows Insider Program или да спуштите копија од најновата верзија на Windows 10 Preview пред 29 јули. Откако ќе го направите тоа, снимете ја Windows 10 Preview како ISO документ на диск, а потоа целосно избришете ја инсталацијата за Windows. Потоа од CD-то инсталирајте го Windows 10.
Откако ќе го инсталирате Windows 10 Preview, логирајте се во вашата Windows Insider сметка, одете во Settings од Start Menu, потоа изберете „Update & Security“. Од таму кликнете „Advanced Options“ во одделот Windows Update, a потоа променете го вашиот распоред за ажурирање од „slow“ во „fast“.
После тоа, започнете проверка на ажурирањето и инсталирајте ја најновата верезија (минимум 10162). Со тоа направено, одете во „Update & Security“ менито во Settings и кликнете „Activation“, а потоа изберете „Enter Product Key“ и копирајте го следниот код:
8N67H-M3CY9-QT7C4-2TR7M-TXYCV.
Ова е непотврдено и не се знае се` до крајот на месецот, меѓутоа се претпоставува дека ако имате Pro издание на Windows 10 preview, тогаш ќе можета автоматски да ја надоградите елосната верзија на Windows 10 Pro.