Граматички грешки во англискиот јазик на кои треба да обрнете внимание
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Правилната граматика се чини е нешто што постоело само во минатото - зошто да се преоптеретувате со малечки грешки? Но, тоа е погрешно.
Треба да бидете внимателни со граматиката поради многу причини. Сигурно за време на потенцијално интервју за работа ќе ве прашаат нешто на англиски јазик, или пак ќе имате шанса да работите на англиски јазик - зошто да се срамите поради неколку граматички грешки?
Голем дел од луѓето се загрижени со тоа што тие пишуваат во меил или порака, со што целосно забораваат да обрнат внимание на тоа како го пишуваат. Затоа, обрнете внимание на овие чести грешки кои се прават кога пишувате на англиски јазик.
1. Your/You’re
Ова е веројатно најчестата грешка која може да се забележи и на социјалните медиуми, во текст пораки и меилови. Ова е доста едноставно - ако се обидувате да речите „You are“ тогаш точно е да употребите you're. Ако зборувате за нешто што ти припаѓа тебе, како на пример „Your car“, тогаш треба да се употреби „your“.
2. Too/To/Two
Многу луѓе се бунат со овие зборови и не сфаќаат дека прават грешки. Доста е лесно - „Two“ е број, „too“ е прилог и е еквивалент на „also“ и „to“ е предлог кој се користи за да се искажи движење, насока, ограничување, контакт, точка на граница во времето, цел, намера и дестинација.
Пример:
„I would like to become an entrepreneur.“
„I too would like to become an entrepreneur.“
3. There/Their/They're
Она што требаше да се има научено во трето одделение се`уште ги прогонува оние кои ги немаат совладано овие зборови. Оваа грешка е доста честа но во основа е доста едноставно.
Користете го „they're“ кога се обидувате да речете „they are“.
„Their“ се користи кога сакате да кажете присвојност, а „there“ треба да се користи за да се индицира локација.
Пример: „They're going to love working there. Their company culture is amazing!".
5. You/U
Ова е од чиста мрзеливост наместо граматичка грешка. Пишувањето буквално ја уништи граматиката, а you/u е совршен пример. Нормално дека „u“ e прифатливо кога му пишувате на другарот кога сте во брзање - но не е прифатливо во професионален меил
5. Then/Than
Кога зборувате за време користите „then“, а кога правите споредба користите „than“. Не би требало да биде толку тешко да се разликуваат.
Пример:
„We are going to grab a quick bite to eat and then head back to the office.”
„This new software update is much better than the previous version.”
6.it's/its
Овие два зборови ги збунуваат многу луѓе, воглавно поради апострофот, кој во основа симболизира присвојност. Користете го „it's“ кога сакате да кажете „it is“, а користете го „its“ кога сакате да ја искористите присвојната форма на „it“.
Пример:
„I looked at its owners manual to get the correct settings.”
„It’s a beautiful day outside.”