Како да се подготвите за интервју за американска виза?

Како да се подготвите за интервју за американска виза?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Пример прашања и одговори кои ќе ви помогнат да се подготвите за интервјуто за американска виза.

 

виза

 

1. Зошто сакате да патувате во Америка?

Одговор: За туристички цели и да ја посетам мојата тетка/ќерка. Исто така, сакам да ги посетам местата како Водопадите на Нијагара, Чикаго, Детроит и Питсбург. Доколку е возможно, би сакала да ги посетам Лас Вегас и Калифорнија.

2. Зошто сакате да ги посетите токму овој период?

Одговор: Мојата ќерка/тетка ми овозможи да ја посетам затоа што токму овој период има слободни денови од работа. Планирам да ја посетам Америка во летниот период, кога времето ќе биде одлично за туризам. Исто така, сакам да ја посетам Америка пред да остарам за да можам целосно да уживам во туристичките места.

Доколку планирате да ја посетите за време на зимските месеци, можете да кажете дека сакате да ги искусите есенските бои, снегот, да ги прославите Божиќ и Нова година итн.

3. Колку долго ќе останете во Америка?

Одговор: 6 месеци/3 месеци.

4. Зошто сакате 6 месечна виза? Не можете да го завршите патувањето во пократок временски период?

Одговор: Америка е голема земја и има многу што да се види. Сакам да ја посетам без многу брзање, а освен тоа мојата тетка/ќерка не може да земи одмор подолг временски период наеднаш, па мора да помине одредено време. Исто така сакам да искусам различни годишни времиња во Америка и да поминам врем со мојата ќерка/тетка/братучеда и семејството. Сакаме да ги видиме боите на есента или да го прославиме Божиќ, Нова Година во Америка. Но, и пократка виза би била во ред доколку мислите дека е посоодветна.

5. Каде ќе престојувате во Америка?

Одговор: На улица:________, град, држава, поштенски код. Запомнете ја адресата.

6. Колку очекувате патувањето да чини?

Одговор: Мојата ќерка ќе се погрижи за сите трошоци. Бидете подготвени да ги прикажите вашите докуметни од спонзорот.


Посета на роднини во Америка



1. Кој ве спонзорира?

Одговор: Мојата ќерка/тетка/братучеда.

2. Дали вашата ќерка е мажена?

Одговор: Да/не.

3. Дали вашата ќерка е трудна?

Одговор: Да/не, не знам. Бидете искрени.

4. Кога е родена вашата ќерка?

Одговор: Датумот на раѓање.

5. Кога е роден вашиот зет?

Одговор: Датумот на раѓање.

6. Кога е датумот на годишнината од бракот на вашата ќерка?

Одговор: Датумот и добро би било да имате фотографии од свадбата.

7. Што ќе правите кога вашата ќерка и вашиот зет ќе одат на работа?

Одговор: Веројатно ќе одам да посетам многу туристички места, а кога ќе се врати од работа, планирам да го правиме тоа заедно.

8. Која е професијата на вашата ќерка?

Одговор: Наставник/Сметководител/Продавачка.

9. Која е професијата на вашиот зет?

Одговор: Машински инженер. Бидете подготвени да им дадете доказ за вработување и други финасиски документи за секој случај.

10. Каде живеат вашата ќерка и вашиот зет во Америка?

Одговор: Градот, државата. Запомнете ги имињата на градовите - ова е местото во кое ќе престојувате во Америка, па треба да го знаете името правилн ода го изговорите.

11. Дали може да ги добиеме деталите за контакт од вашата ќерка?

Одговор: Дајте им телефонски број и меил адреса. Запомнете ги.

12. Колку долго време се немате видено со вашата ќерка?

Ова е важно прашање и треба да биде одговорено внимателно и вистинито.

Пример одговор: Мојата ќерка моментално е кај нас. Би сакале да патуваме со неа во Америка. Таа ќе не` прошета низ Америка за да ги искусиме нејзините убавини. После неколку месеци јас ќе се вратам во мојата земја, а нашата ќерка ќе си остане во Америка со нејзиниот сопруг. Никогаш не сум патувала интернационално претходно, па мислам дека би ми било подобро доколку патувам во друштво на ќерка ми.

13. Дали имате роднини во Америка? Доколку имате, кои се тие?

Одговор: Да/не. Мојата ќерка е таму. Не откривајте други податоци за роднини освен ако ве прашаат.

14. Колку време е вашата ќерка во Америка?

Одговор: ____ месеци, ____ години.

15. Кој е нејзиниот легален статус?

Одговор: Мојата ќерка има H1 виза, а мојот зет има H4 виза/ Мојата ќерка има зелена карта/ Мојата ќерка е американски државјанин. Бидете подготвени да покажете легален доказ за нивниот статус.

16. Дали вашата ќерка студира во Америка? Кога/Каде/Што?

Одговор: Да/не. Доколку одговорот е да, бидете подготвени да кажете детали за времето, универизтетот, дипломата итн.

17. Кога вашата ќерка отиде во Америка за прв пат, со каква виза влезе?

Одговор: Одговорете  искрено.

18. Колку заработува вашата ќерка годишно?

Одговор: ______ долари годишно. Бидете подготвени да дадете финансиски документи или писмо од работодавецот.

19. Каде работи вашата ќерка?

Одговор: Во компанијата _______.

20. Ако вашата ќерка студира, кој плаќа за тоа?

Одговор: Таа си ги плаќа сите трошоци.

21. Кога вашата ќерка повторно планира да ја посети нејзината родна земја?

Одговор: Моментално нема одреден план. Можеби следната година, можеби годината после тоа. (Немојте да речете истата година бидејќи конзулатот може да смета дека не е потребно да одите во Америка кога таа доаѓа кај вас).

22. Дали имате блиски роднини во Америка?

Одговор: Да/не.

23. Дали некој пополнил апликација за зелена карта??

Одговор: Да/не.


Патување, билети, осигурување



1. Дали имате резрвирано билети за лет?

Одговор: Да/не.

2. Дали сте биле во Америка претходно?

Одговор: Да/не.

3. Дали сте патувале интернационално претходно?

Одговор: Да/не.

4. Кога ја посетивте Америка претходно, колку време останавте?

Одговор: Одговорете искрено.

5. Кога ја посетивте Америка претходно, дали го продолживте престојот? Дали може да го видам писмото за одобрување на престојот?

Одговор: Да/не. Доколку сте аплицирале за продолжување, покажете го доказот. Доколку сте ја напуштиле Америка пред да биде одобрено продолжувањето, или доколку продолжувањето било одбиено, покажете доказ дека сте поднеле документи за продолжување пред да истекла вашата виза.

6. Дали ќе ве придружува вашиот/вашата сопруг/сопруга?

Одговор: Одговорете искрено. Доколку планирате само вие да одите, одговорете зошто. Доколку сте вдовец/вдовица, одговорете соодветно. Друго одговори можат да бидат: премногу зафатени на работа, не можат да земат одмор, мора да се грижат за семејството итн.

7. Кога планирате да патувате?

Одговор: Кажете го датумот.

8. Дали ги купивте билетите за авион?

Одговор: Ќе ги купам откако ќе добијам одобрување за визата.

9. Дали добивте здравствено осигурување за патување?

Одговор: Ќе добијам откако ќе добијам одобрување за визата.

10. Дали имате кредитна картичка?

Одговор: Да/не. Ако имате, покажете ја.

Виза за вработени/пензионери

1. Што работите во вашата земја?

Одговор: Одговорете искрено.

2. Кој ќе се грижи за бизнисот кога вие ќе бидете на патување?

Одговор: Земам одмор/Мојот партнер.

3. Дали можете да ми покажете визит картичка?

Одговор: Доколку сте вработен и имате бизнис, покажете ја картичката.

4. Ако работите, како ќе одите 6 месеци во Америка?

Одговор: Имам акумулирано време за одмор.

5. Дали може да го видам вашето писмо кое го одобрува отсуството?

Одговор: Покажете го писмото.

6. Кога се пензиониравте?

Одговор: Ако сте пензионирани, кажете го датумот.

7. Колку пензија добивте?

Одговор: Одговорете искрено.

8. Кој е вашиот годишен приход?

Одговор: Одговорете искрено.

9. Вашиот приход не е доволен за да ви го покрие патувањето до Америка. Како планирате да платите?

Одговор: Мојата ќерка го спонзорира патувањето. Таа ќе се погрижи за сите трошоци.

10. Дали ќе работите во Америка?

Одговор: Не, таму одам на туристичка посета.

11. Дали ќе имате некаков бизнис во Америка?

Одговор: Не, таму одам на туристичка посета.

12. Што ќе правите после враќањето?

Одговор: Одговорете соодветно.

Роднински врски

1. Дали ќе се вратите во вашата земја после посетата?

Одговор: Да, дефинитивно.

2. Како ќе ме убедите дека ќе се вратите?

Одговор: Нашите роднини, вклучувајќи ја и мојата друга ќерка, како и нашите единствени внучиња се во нашата земја. Исто така, таму е и мојата мајка која доста зависи од нас поради нејзината старост. Имаме одличен бизнис во нашата земја.

3. Каков имот поседувате во вашата земја?

Одговор: Спомнете дека имате куќа, продавница или нешто слично и имајте подготвени докази за тоа.

4. Кој ќе се грижи за имотот додека сте вие Америка?

Одговор: Пријатели/мојот сопруг/мојата сопруга/роднини, мојата друга ќерка.

5. Колку деца имате?

Одговор: Одговорете правилно. Кажете колку внучиња имате и спомнувајте ги почесто. Добро би било да имате фотографии.

6. Кои роднини се во вашата земја?

Одговор: Одговорете соодветно. Кажете ги роднините кои зависат од вас како на пример старите родители.

7. Каде живеете во вашата земја?

Одговор: Кажете ја вашата адреса.

Други прашања

1. Дали плаќате данок на доход?

Одговор: Да/не.

2. Кој е вашиот годишен приход?

Одговор: Одговорете искрено.

3. Кој живее со вас моментално и што работат тие?

Одговор: Одговорете соодветно.

4. Колку браќа/сестри имате? Каде тие живеат? Што работат? Колку деца имаат?

Одговор: Одговорете соодветно.

5. Дали имате автомобил?

Одговор: Одговорете соодветно.