Оглас за вработување во Шпаркасе Банка

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ, ПРАВНА СЛУЖБА (1 позиција во Централа- Скопје, неопределено

време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:


- ВСС, правен факултет;

- положен правосуден испит;

- минимум 3 години работно искуство;

- искуство во банка или адвокатска канцеларија на правни работи поврзани со банкарски активности ќе се смета за предност;

- способност за управување со време, изразени комуникациски способности, непосреден пристап до сите вработени, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост, способност за планирање и одлучување, ориентираност кон постигнување цели и тимска работа, вештини за пренесување на знаење, работа во динамична средина;

- одлично познавање и работа на компјутер (MS Office);

- одлично познавање на англиски јазик;

- возачка дозвола - Б категорија.


Опис на работното место/одговорности:

- jа застапува Банката пред судските, управните и други државни органи каде Банката се јавува како странка и изготвува соодветни извештаи поврзани со превземените дејства, а се во рамките на добиеното овластување, врши проверка и/или изготвување на писмени документи - поднесоци во врска со поведените постапки пред надлежните органи;

- врши контрола и активно следење на предмети и координирање на соработката на Банката со надворешни соработници, води соодветна евиденција и врши известување за нивните активности;

- учествува во подготовка, врши проверка и/или изготвување и постојано следење на квалитетот од правен аспект на правни акти и договори поврзани со редовното работење на Банката;

- учествува во подготовка и/или изготвување на правни мислења и давање на стручни совети и правни услуги поврзани со редовното работење на Банката;

- врши следење на правната терија и пракса заради соодветно регулирање на специфичните правни прашања поврзани со работење на Банката;

- ги спроведува процесите, целите и во согласност со нив го почитува планот за работа на Службата, го определува оперативниот ризик во делот на судските спорови;

- подготвува извештаи во рамките на системот на известување на Банката;

- зема учество во застапувањето на Банката пред меѓународните судови за меѓународни спорови на Банката.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 38.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 31.07.2015 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.