Студентите кои се подготвени да го спречат гладот во светот

Студентите кои се подготвени да го спречат гладот во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

hrana

 

Количината на храна која во светот се фрла секоја година изнесува 1.76 милијарди тони, а сето тоа вреди околу 750 милијарди долари, тврди ОН. Двете најголеми причини за таквото фрлање на храната произлегува од несоодветното консумирање: или готвиме повеќе отколку што можеме да изедеме или едноставно не ја користиме храната пред да и` истече рокот на траење.


Како одговор на ваквиот негативен тренд, меѓународна група на студенти на магистерски студии се обединија за да го создадат FoPo Food Powder, односно храна во прав. Компанијата собира евтини прехранбени производи на кои за брзо време им истекува рокот на траење и ги претвора во намирници во прав за да им го продолжи рокот на барем уште две години.

Студентите својот проект го опишуваат како подигнување на „копањето по контејнери“ на ново ниво, а нивната цел е FoPо да стане витална компонента во прекинувањето на гладот во светот.

„Не користиме нови производи или технологии, но создаваме вредност од нешто што досега беше практично безвредно, но тоа засега го правиме со овошјето и зеленчукот на кои им истекува рокот на траење“, велат студентите.

Пудрата во прав засега има три вкусови: банана, малини и манго, а наскоро пристигнува и ананас. Намирниците во овој облик ќе содржат од 30 до 80 прехранбени вредности.

Правот може да се додава во јогурт и слични пијалоци или може да се користи додека се готви. Студентите велат дека ова е само почеток; тие планираат да искористат што повеќе намирници и да ги претворат во прав.