Тешкото прашање на тест кое предизвика хаос меѓу студентите

Тешкото прашање на тест кое предизвика хаос меѓу студентите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Професорот по социјална психологија Дилан Сетлерман, од универзитетот во Мериленд на своите студенти им понуди дополнителни бодови на тестот, меѓутоа овој „подарок“ дојде со една голема финта.

 

прашање


Последната задача од тестот гласела вака: „Изберете дали сакате да ви бидат подарени 2 или 6 дополнители бодови на тестот. Но, имајте на ум дека ако повеќе од 10% од вас изберат 6 бодови, на крајот никој нема да добие нитуеден бод“.

Овој потег предизвикал вистински хаос меѓу студентите, а наскоро се најде и на интернет.

Селтерман изјавил дека ова прашање го поставува секоја година за да провери колку поединци се во состојба да се жртвуваат во интерес на цела група.

Пораката која професорот сака да ја испрати е дека, ако во реалниот живот голем број на луѓе започнат претерано да ги искористуваат ресурсите, целата група на крајот ќе страда, а не само оние кои биле себични. Со други зборови, нашето однесување секојдневно влијае врз животите на сите останати луѓе и секако, обратно.

Досега само една група била доволно несебична за да добие дополнителни бодови.