Зошто не треба да ги правите овие работи во странство?
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
Секоја земја има свои сопствени закони, традиции и обичаи. Без разлика колку вам ви изгледаат чудно, најдобро е да ги познавате и да внимавате за тоа што земјите сметаат дека е табу или криминал.
На пример, во некои земји бакшишот е секојдневие, иако во Јапонија се смета како огромна навреда. Во други земји подарувањето цвеќиња е доста добар чин, меѓутоа во некои од нив бројот на цвеќето е доста важно, бидејќи одреден број се носи само на гробишта.
Ова се грешки кои повеќето луѓе ги прават, а на кои вие треба да обрнете внимание.
Зошто не треба да ги правите?
Франција - Всушност, барањето на пари е некултурно во многу земји, но Французите некогаш го сметаат за особено критички.
Украина - Луѓето во Украина како и повеќето словенски земји носат парен број на цвеќиња на гробишта.
Нов Зеланд - Свирењето од автомобил во Нов Зеланд често пати се користи за да се навреди возачот со што му покажувате дека не се согласувате со неговите/нејзините постапки.
Индија - Бакнувањето и држењето раце е забрането во Индија бидејќи се смета за несоодветно на јавно место.
Јапонија - Јапонците се горди да обезбедат најдобра услуга без никаков бакшиш.
Мексико - Локалните жители обожваат да се шегуваат и во основа се забавни и невини, па така и однесувајте се кон нив.
Норвешка - Многу луѓе воопшто не одат во црква, а прашањето зошто се смета за некултурно.
Турција - Ова е непристоен гест во Турција.
Велика Британија - Ваквото прашање се смета за крајно некултурно и невоспитано.
Ирска - Локалните жители не мислат дека имаат некаков акцент.
Германија - Луѓето веруваат дека една личност може да не го доживее роденденот доколку и` се честита пред да и` биде роденден.
Кенија - Правете го само откако некој ќе ви се обрати со вашето име.
Чиле - Важни се манирите на маса.
Сингапур - Не ги хранете птиците и не фрлајте ѓубре, и секако, не плукајте на улица.
Америка - Бакшишот е задолжителен, а постои и процент колку треба да оставите за услугите кои ги користите.
Италија - Секако, можете да порачате во ресторан но келнерот ќе ве гледа зачудено бидејќи во Италија капучиното се пие само за појадок.
Унгарија - Иако е стара навика, некои луѓе преферираат чашите да не им се чукнат особено кога пијат пиво.
Кина - Се смета дека носат лоша среќа доколку се даваат како подароци.