Како до патување и заработка во Германија?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Постои начин за патување дури и доколку немате доволно средства за тоа. Имено, постојат повеќе начини со кои може да се патува бесплатно, а притоа можеби и да се заработи нешто во Германија. „Young Germany“ состави листа од начини на кои може да патувате во Германија бесплатно.
„Au Pair“
Се работи за нудење помош во домаќинството. Најчесто станува збор за грижа за деца, но за разлика од класичниот помошник во домот, вработениот станува и привремен член на семејството во кое живее.
Професор по англиски јазик
Доколку знаете да зборувате англиски доволно добро за да го предавате, дознајте
ОВДЕ за начинот на кој може да добиете работа во меѓународно училиште.
WWOOF
„World Wide Opportunities on Organic Farms“ е мрежа која поврзува фармери со потенцијални работници во Германија. Сместувањето на фармата може да трае од неколку дена до неколку години, а со работата се добива сместување и храна.
Волонтирање
Овде можеби нема да бидете платени, но многу волонтерски позиции нудат и бесплатно сместување. Прочитајте го водичот за волонтирање во Германија
ОВДЕ.
Автор, фотограф, фриленсер
Како писател може да пишувате блог или туристички водичи, додека доколку поседувате фотографски апарат може да ги продавате фотографиите и да живеете од тоа. Фриленсингот е друг начин со кој може да заработувате преку интернет и да патувате истовремено.
Крузер
Германија е полна со реки, а реките со крузери кои бараат работници. Ова е одличен начин да ја видите целата држава. Најдете ги понудите за работа
ОВДЕ.
Стипендии
Доколку сте студент или наскоро ќе бидете студент, ДААД нуди разни стипендии за странски државјани. За повеќе информации прочитајте го
водичот за стипендирање во Германија.