10 нешта кои ќе се случат во следните 10 години

10 нешта кои ќе се случат во следните 10 години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Каква иднина замислувате за себе и за светот? Научниците мислат дека нè очекува ова:


Најсилните роботи ќе бидат направени од кромид 

Научниците се обидуваат да направат вештачки мускули за роботите со години користејќи скапи полимери, но изминатиот мај група истражувачи откриле дека за тоа може да се користи обичен кромид.

Ќе им кажеме збогум на редиците во супермаркетот

Се предвидува дека до 2025 година, купувачите нема да мора да чекаат во редици за да платат намирници, туку ќе постојат автоматски наплатни врати кои ќе ја одземаат вистинска сума од картичките.

Ќе биде откриен идентитетот на Мона Лиза

Еден историчар пред неколку децении изјавил дека жената на сликата е Лиза џерардини дуел Џокондо, сопруга на богат трговец. Ова може да биде потврдено наскоро бидејќи истражувачите откриле остатоци во Фиренца за кои сметаат дека се нејзините.

Интернетот можеби ќе биде нешто од минатото

Ендрју Елис смета дека доколку не најдеме начин за побрзо обезбедување податоци, интернетот може да пропадне до 2023 година бидејќи оптичките влакна не можат да чуваат повеќе информации.


Ќе откриеме што била омилена храна за Шекспир

Во 2012 година биле ископани остатоците од кралот Ричард Трети. Научниците успеаја да ги откријат неговите навики во исхраната со ласерски скенирања. Истото може да биде направено со Шекспир.

Марихуаната би можела да биде легална и профитабилна

До 2020 година, легалната марихуана може да биде индустрија вредна 35 милијарди долари во САД.

Нема да постои уништената слика од Исус

Во 2012 година, 81-годишната Сесилија Хименес се обиде да го реставрира делото од 19 век во црква во Шпанија на кое е насликан Исус Христос. Резултатот беше катастрофален, а туристите започнаа да доаѓаат за да го видат смешниот портрет. Црквата наскоро ќе ја уништи сликата.


Чума од инсекти

Се претпоставува дека во 2021 година, инсектите наречени чикади ќе го нападнат североситочниот дел од Земјата.

Ќе летаме на гориво од печурки

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон откриле начин да произведуваат гориво со вид печурка. Тие се надеваат дека горивото ќе започне да се користи во следните 5 години.

Ќе откриеме нешто ново за црната материја

До 2024 година, моќен радио телескоп ќе ни дава одговори за најголемите прашања во врска со црната материја. Се работи за најголемиот и најбрз радио телескоп, кој се гради во Австралија.