Големо или мало его? Решете го тестот за да дознаете

Големо или мало его? Решете го тестот за да дознаете

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Дејли мејл“ состави краток и едноставен тест со кој се покажува дали личноста е нарцис или не. Со други зборови, решавајќи го тестот може да откриете дали имате мало или големо его.


Одговорете дали се согласувате со понудените тврдења со мерка од 1 до 5. 1 значи дека воопшто не се согласувате, а 5 дека во потполност се согласувате.

1. Знам дека има нешто посебно во мене.

2. Во споредба со другите, супер сум во повеќето работи.

3. Потајно верувам дека сум подобар/ра од повеќето.

4. Секогаш сакам да постигнам најдобри резултати во предизвиците.

5. Животните пречки не можат да ме успорат.

6. Имам самодоверба, но понекогаш се грижам.

7. Се чувствувам несигурно кога сум во центар на внимание.

8. Тешко примам комплименти.

9. Не сакам да зборувам за себе.

Резултати:

Екстремен нарцисизам: овде запишете го вкупниот број од оцените од првата до третата реченица.

Здрав нарцисизам: овде запишете го вкупниот број од оцените од четвртата до шестата реченица.

Низок нарцисизам: овде запишете го вкупниот број од оцените од седмата до деветтата реченица.

Ниско ниво: Просек е оцена 10. Сè повеќе од 12 значи дека себе не се ставате на прво место и поважно ви е да им биде убаво на другите.

Здраво ниво: Просек е 11, а од 12 нагоре значи дека сте амбициозни, емпатични и самоуверени.

Екстремно ниво: Просекот е 9, а високиот степен започнува со оцената 10, а тоа значи дека сте себични, манипулативни и честопати арогантни.