Наводно, само 3 прашања откриваат дали личноста е за вас или не
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Првиот љубовен состанок не мора да биде здодевен и неудобен. Според истражување направено од „OkCupid“ во 2011 година, постојат три прашања за кои може да се разговара на состанокот, притоа откривајќи дали личноста е за вас или не.
Имено, 32% од успешните парови се согласиле во врска со одговорите на овие прашања. Истражувањето било спроведено на 34.260 парови кои се запознале на споменатата интернет-страница.
Прашањата гласат:
1. Сакаш ли да гледаш хорор?
2. Дали некогаш си патувал/а некаде сам/а?
3. Не би ли било забавно да оставиш сè и да отидеш да живееш на брод?
Интересно е тоа што сите три прашања на некој начин го анализираат начинот на кој личноста се соочува со стресот и анксиозноста и дали личноста е способна за планирање однапред.