Кога започнува учебната година во земјите низ Европа?

Кога започнува учебната година во земјите низ Европа?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Првиот училишен ден во Македонија е 1 септември. Тогаш започнува академската година. Датумот варира во различни региони низ светот поради разликите во времето, културата и климата. Во Европа, речиси сите земји ја започнуваат академската година на крајот на август или на почетокот на септември.


Белгија - 1 септември.

Бугарија - 15 септември.

Хрватска - првиот понеделник во септември.

Данска - понеделник во 33-та недела (околу 13 август).

Англија и Велс - варира од област до област, но речиси секогаш е за време на првата недела во септември.

Естонија, Литванија и Летонија - 1 септември.

Финска - прва половина на август.

Франција - околу 3 септември, но некогаш се менува.

Германија - првиот ден се координира со регионите според патувањето за одморите. Обично е во август или почеток на септември.

Грција - 11 септември.

Унгарија - првиот понеделник во септември.

Ирска - првиот понеделник, на или по 1 септември.

Италија - 2 или 3 недела од септември.

Молдавија - 3-от вторник во септември.

Полска - 1 септември.

Романија - 15 септември.

Русија - 1 септември.

Шкотска - крај на август.

Словенија - 1 септември.