Месечен хороскоп за август 2015
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Што ви препорачуваат ѕвездите и астрологијата за овој месец?
Овен
Луѓето кои се родени во овој знак, овој месец секогаш им донесува некои промени во животот. Некогаш убави, некогаш лоши. Овој пат месецот ќе започне ветувачки. Уште вториот викенд ќе ви се отворат вратите за кои сте мислеле дека ви се заклучени. За жал, оваа надеж ќе трае кратко и веќе третата седмица ќе бидете доста разочарани. Баш во тој момент е можно познанство со личноста која ќе биде доста важна во вашиот живот. Овој месец никако не влегувајте во непотребни трошоци и сомнителни инвестиции. Внимавајте на Лав, Шкорпија или Овен.
Бик
Многу работи сте испланирале за овој жежок месец. Големи се можностите сето тоа да не биде ни приближно од она што сте го очекувале. Кон крајот на првата седмица постои можност да имате полесна повреда која нема да остави последици но ќе ве спушти на земја. Кон средината на месецот еден член од поширокото семејство ќе има полесен хируршки зафат. Токму таа личност од вас очекува помош. Крајот на месецот ви донесува сериозна бизнис понуда.
Близнаци
Поради тешката материјална ситуација немате испланирано некое посериозно патување. Ќе ве изненади повикот од пријател со него да одите бесплатно на летување. Размислете добро пред да донесете брза одлуга. Кон средината на месецот ќе запознаете доста необична личност на уште понеобично место. Оваа личност во наредниот период ќе ви значи многу. Здравјето овој месец ќе ви биде одлично.
Рак
Долго очекуваниот одмор на почетокот ќе ви донесе доста мали непријатности, па дури после тоа ќе ви се случуваат убави работи. Заљубени сте и сите проблеми лесно ќе ги пребродите. Единствено што треба е да внимавате на трошењето на пари кои не се заработени туку позајемни со голема камата. Еден роднина од странство ви донесува убави вести и можете наскоро да очекувате можност за заминување од земјата на некое време.
Лав
Беспотребно себеси си дадовте дополнителни задачи и сега не знаете што да правите. Мудриот човек си ги знае своите реални можности. Животот кратко трае и не е пожелно да правите нереални планови. Во последната седмица сите работи ќе станат кристално јасни и ќе знаете на што сте. Следува период во кој ќе размислувате за заслужен одмор.
Девица
Ова е ваш месец. Вашите работи воглавно се завршени и сега можете да се посветите на поубавата страна на животот. Обрнете внимание на храната додека летувате. Постојат можности од труење со расипана храна. После враќањето од летување, добро би било да започнете да правите планови за есента од која на работен план очекувате многу. Сепак, малку трпение би било добро, не може сите работи да ги направите наеднаш.
Вага
На работа ве чека едно непријатно изненадување. Не е исклучено луѓето кои се родени во раните утрински часови да останат и без работа. Главата горе бидејќи животот се состои и од лоши моменти. Искрено работата и не ви е баш најдобра, па можеби сега е најдобриот момент да започнете со проект за кој досега сте мислеле дека немате доволно храброст.Не влегувајте во врска со новиот партнер. На полето на кариерата ќе ве следи стрес и проблеми се` до почетокот на втората седмица од месецот. На здравствен план ќе имате проблеми како последица од психолошките проблеми.
Шкорпија
За слободните, првите денови од овој месец постои можност слободните Шкорпии да запознаат личност поради која ќе заборават на сите други обврски. Обично летните љубовни романси се кратки но ако го протуркате месецот, може да се случи тоа да биде сериозна врска која може да прерасне во брак. За жал во моментите на љубовен занес од вашиот живот ќе излезе една ваша драга личност.
Стрелец
Планиравте одмор и летување но во најлоши момент пристигнува договор со работодавец чијашто понуда не се одбива баш така лесно. Размислете добро, ќе има и други можности за летување, но ваквата добра работа тешко се одбива. За оваа одлука потребна ви е поддршката од саканата личност но изгледа такво нешто нема да добиете. Желбата за летување кај вашиот партнер е многу посилна. Сепак можно е да најдете некое решение.
Јарец
Најтешката работа ви следува токму вам и тоа во најжешкиот месец кога повеќето одмараат. Само напред. Можете да се одморите наредниот месец и тоа со одлична сума на пари во вашиот џеб. Постојат можности да дојдете во конфликт со еден сосед и тоа да се заврши со доаѓање на полиција. Вие во секој случај нема да бидете виновни, но добро би било да бидете посмирени и потрпеливи.
Водолија
Личноста од која сте очекувале многу толку ве разочара што просто не можете да поверувате дека толку време сте поминале со неа, а нејзиното вистинско лице го гледате дури сега. Кратко летување со старите пријатели и се` ќе ви помине. Сите акции на полето на работата бараат внимателно планирање и точно пресметување. Внимавајте на здравјето - стресот кој е присутен повеќе од месец дена, ќе започне да влијае врз него. Повеќе одмор и поминувајте повеќе време на природа и на сонце.
Риби
Се наоѓате на животна раскрсница и не сте сигурни кој пат за вас е најдобар. Еден стар пријател ќе ви даде доста мудри совети кои ќе ги помните цел живот. Најважно е во овој момент добро да ги разгледате сите можности. Во последната седмица од месецот решението само ќе се наметни и добро ќе постапите. Бидете трпеливи и толерантни кон партнерот бидејќи ќе има искри на кои не сте навикнале. На работен план ситуацијата ќе биде доста подобро од претходниот месец.