Оглас за вработување во Пивара Скопје
ПИВАРА СКОПЈЕ има потреба од
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки.
Што е тоа што барамв!
• Висока стручна подготовка - ВСС, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија, управување со трошоци и сл.),
• Познавање МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување),
• Најмалку 1 година работно искуство во областа на финансиите, со предност како финансиски аналитичар,
• Одлично познавање деловен англиски јазик,
• Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point),
• Искуството BO работа во ЅАР-оперативен систем ќе се смета за предност,
• Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим.
Краток опис на основните одговорности:
• Придонесува за изготвувањеточни и навремени месечни, квартални и годишни финансиски извештаи на компанијата за потребите на корпорациското известување,
• Придонесува за планирање годишни, квартални и месечни буџети по конта и трошковни места,
• Придонесува за финансиско контролирање и анализа на перформансите на компанијата, прави споредби, извештаи и анализа,
• Во целост ги следи и ги почитува политиките и процедурите на компанијата,
• Активно работи на назначени проекти, меѓусекторски иницијативи и задачи.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.
Минимална основна бруто-плата за ова работно место е 46.000,00 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место. Избор на кандидатите ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
• да испратат свое CV (на англиски и на македонски јазик) на следната e-mail адреса
contact.crm@pivaraskopje.com.mk или по пошта на следната адреса:
Пивара Скопје АД, ул. 808 бр.12, 1000 Скопје, со назнака
"До Сектор за човечки ресурси, Оглас - финансиски аналитичар", најдоцна до 10.08.2015.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.