Се` што треба да знаете за најголемиот турнир во играње "Dota 2"
Подготвил:
Драгана Петрушевска
За некои, видео игрите претставуваат електронски спорт, а како и со секој спорт, редно е да се одржуваат турнири, локални и меѓународни. Играчите на „Дота“ ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека постои турнир за играње на играта во кој може да се добијат милионски награди. Наградниот фонд за турнирот изнесува над 17 милиони долари. Турнирот се вика „The Internationala“.
Првиот турнир бил одржан во 2011 година и бил организиран од „Валве“, издавачот на „Дота 2“ како маркетиншки потег. Организаторот повикал 16 најдобри тимови од целиот свет. Фондот изнесувал 1,6 милиони долари, од кои еден милион бил наменет за првонаградениот. Целата приказна од турнирот може да се види во еден документарен филм наречен „Free to play“.
Понесени од успехот на првиот турнир, „Валве“ повторно организираат турнир наредната година во Сиетл, со мали промени. За следната година организаторот одлучил да направи нешто специјално, а тоа било постигнато со зголемување на наградниот фонд, кој скокнал на 2,8 милиони долари.
Овогодинешниот турнир е јубилеен. Оваа година во Сиетл ќе се соберат над 10.000 фанови да ги гледаат омилените тимови како се борат за досега најголемата награда со фонд од 17 милиони долари, од кои 6 ќе бидат доделени на првонаградената екипа.
Турнирот ќе трае две недели, а поделен е на 5 дена „плејоф“ кадешто тимовите ќе се натпреваруваат по групи, па по пауза од три дена ќе продолжат да се борат по систем на дупла елиминација. Оваа година за учество се повикани 10 тимови.
Сите информации за турнитот пронајдете ги ОВДЕ.
Самиот турнир може да го следите ОВДЕ.