Од Јапонија ни пристигнува уште еден револуционерен производ

Од Јапонија ни пристигнува уште еден револуционерен производ

Подготвил: Тамара Гроздановски

Јапонскиот инженер Куниаки Сато создал моторизиран транспортер со големина на таблет.

 

возило


Возилото наречено „WalkCar“ може да достигне максимална брзина од 10 километри на час и може да издржи возачи со тежина до 120 километри.

Куниаки вели дека уредот е дизајниран за рекреативна употреба, како и за бизнис. „Сакам да му покажам на светот дека и Јапонија знае да биде иновативна“, изјави тој. „Ова е првиот транспортер кој е доволно мал за да може да се носи во чанта“, додава тој.

„WalkCar“ е направен од алуминиум и тежи околу 2 и 3 килограми, во зависност од тоа дали е внатрешна или надворешна верзија.