Трејлерот кој ги остави луѓето преплашени
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Трејлерот на еден австриски хорор филм ги остави луѓето преплашени.
„Goodnight mommy“ ја раскажува приказната за 9 годишни близнаци кои ја чекаат својата мајка да се врати од дома после пластична операција.
Но, кога таа се враќа покриена со завои, ништо повеќе не е како што порано било и тие започнуваат да се сомневаат дека можеби жената не е нивната мајка.
Трејлерот досега е прегледан над 2 милиони пати, а некои од коментарите на YouTube велат дека станува збор за најстрашниот трејлер за филм што некогаш го виделе бидејќи поради него не можеле да заспијат неколку дена.
„Goodnight mommy“ ќе биде прикажан на меѓународниот филмски фестувал во Мелбурн на 12 август.
Трејлерот можете да го погледнете подолу.