Интервју со Џони Штулиќ од 1981 година:

Интервју со Џони Штулиќ од 1981 година: "Не сакам просечна влада!"

Подготвил: Тамара Гроздановски

Бранимир Штулиќ Џони (роден на 11 април 1953 во Скопје) е рок-музичар, основач и некогашен пејач на групата Азра. Претставник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на 20. век. Овој исклучително харизматичен човек има извршено енормно влијание на цела генерација луѓе кои израснаа со неговите ноти и стихови. Прочитајте едно негово интервју од 1981-ва година...

 

 

- Дали си имал некој кој ти бил идол?


Џони: Паганини! Во гимназија бев луд за нив. Инаку идоли никогаш не сум имал. Битлсите отсекогаш ме влечеа, но и без нивното влијание јас би бил тоа што сум денес. Верувам дека би бил добар фудбалер. Бев луд, да ми беше посветено потребното внимание би бил Бекенбауер. Но, само ми фалеше работа. Талентот е баш ништо. Сега изгледа будалесто, но сигурно би успеал.

Важно е да се вложи енергија, верба и работа, работа, работа. Знаете како оди во шахот; стигнувате до некаде, се отвора комбинација која нуди десет варијанти. Потребна е основа, да стигнеш до првата комбинација, а за тоа е потребна работа. Кога ќе достигнеш до некоја позиција тогаш започнуваат да се задоволуваат други критериуми.

- Да се вратиме на твоите амбиции. Колку си задоволен од досегашната кариера?

Џони:
Делумно. Чувствувам дека се`уште сум на почеток. Можеби само во првата половина.

- Дали во 1978 година веруваше дека ќе стигнеш до толку далеку?

Џони:
Јас го видов другиот крај на тунелот, визија за светлината, но не знаев до каде ќе стигнам. Можев себеси да се слушнам во далечината, но знаев дека сето тоа е толку неизвесно.

- Ме интересира нешто друго: колку е цената на твоето невклопување во владејачкиот систем на домашната рок сцена?

Џони:
Имам свои историски околности зошто сум различен од другите. Отсекогаш сакав луѓето, па и музичарите да мислат со сопствена глава. Настојувам да размислувам со сопствена глава со сите мои ужасни грешки и маани. Најмногу што можам на сопствената земја да и` овозможам е да размислувам со сопствена глава. Не сакам просечна влада. Многу музичари не се ни обидуваат да се издвојат од таа просечност. Јас не се вклопува во нашата сцена бидејќи сум светски губитник. Не се вклопуваше ни Погорелиќ, ниту пак Тесла.

- Беше наречен демагог.

Џони:
Јас, демагог? Да продавам нешто? Како да кажам дека не сум демагог? Не е важно јас што кажувам, важно е што правам. Да речеме дека сум голем глумец но пијам и ми мириса устата. Дали тоа значи дека сум лош глумец? Вистината е потешко да се докаже отколку лагата. Се колнам во Бога дека сум поискрен од другите.

- Како би сакал оваа генерација која ти е наклонета да те запомни?

Џони:
Би сакал да ме стават во анархија. Луѓето не знаат што значи анархија. Не знаат што е примитивен. Тоа не значи: Уф како смрди, туку првобитен. Анархијата буквално значи недостиг на авторитет. Ништо повеќе. А јас сакам човек да биде човек. Тој не е човек затоа што има две раце и две нозе, туку затоа што ја има својата глава.

Нели тоа е комунизам? Секој да размислува со своја глава, да им посакува добро на сите - ако тоа не е комунизам, не знам што е.

- Дали си размислувал некогаш за публиката која ти верува. Која толку искрено прифаќа сето она што ти го правиш?

Џони:
Ме радува затоа што и јас верувам во тоа. Мене ме мачи нешто друго; зошто луѓето повеќе не учат од историјата. Не од дневната политика, туку од историјата. Како да не сфаќаат дека одат по некој код.

- Твојата нова плоча веќе требаше да се појави. Зошто доцни?

Џони:
Прашање е дали воопшто ќе се појави. Проблем е една песна, „Неделни коментар“. Во тек се неколку консултации. Јас не сакам да ја отстранам песната од плочата. Ако таа не може да се појави, ја прекинувам соработката со „Југотон“; а ако не можам да пронајдам друг издавач, тогаш ќе престанам со работа. Ја сакам плочата бидејќи има 44 песни во концертно издание, а тие претставуваат едно заокружување на досегашното делување на Азра.

- Зошто плочата се нарекува „Равно до дна“?

Џони:
Тоа е моето чистење пред самиот себеси. Час по самокритика. Постои и друга димензија од се`. Така и на крај се вика една песна.

- Ме интересира нешто друго. Бреговиќ упорно тврди дека твојата и неговата работа е всушност работа за лудаци.

Џони
: Па да ти кажам е, а претходно тоа не го знаев. Работиш илегално, против богови и против луѓе. Те крадат, те мамат. Не станува збор за пари, туку за идеи. Никогаш не си сигурен - можеби нкеое утро некој ќе те собери поради некоја причина. Државата зема пари, и тие живеат од твојата заработка. Бреговиќ има различни искуства, јас малку сум надвор од сето тоа.

- Не знам, но тешко ми е да верувам дека сите се лудаци.

Џони
: Слушај, никој од нас не е буквално луд. Но, кажи ми еден уметник кој низ вековите луѓето не мислеле дека е луд. Уметникот различно го гледа светот, а луѓето од тоа се плашат. Кога човек ќе собере повеќе знаење од другите, тој мора да експлодира на некој начин и тоа е опасно. Ние сме оние кои секогаш доаѓаат од другата страна.

- Дали би се менувал со некој?

Џони:
Не. Единствено ако имав некоја мака, би се сменил со некој кој не би имал маки.

- Дали би ја „трампал“ твојата маана?

Џони:
Би сакал малку подобро да свирам на гитара.

- Дали себеси се гледаш како лидер?

Џони
: Јас не играм улога на лидер. Можеби сум некаков лидер бидејќи зборувам некои работи.

- На крај би те замолил за едно мислење: Како ти изгледа „Сунчана страна улице“ од оваа дистанца?

Џони
: Баш пред некој ден ја слушав. Добра е плочата, но може да се направи подобро. Проблемот ми е што имам многу подобри песни, а не сум сигурен дека ќе успеам да ги објавам. Отсекогаш сакав песните да ми излезат, да допрат до луѓето, па така е и сега. Можеби ќе ми останат само концертите, а можеби нема да останат ниту тие...