Која е најпопуларната држава за работа и заработка?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Професионалците се селат од своите земји за нови работни места секојдневно, а разбирањето на нивните мотиви и цели може да ни каже многу за глобалната економија.
„
Линкедин“ направија анализа на професионалците кои имаат профили на мрежата изминатата година за трендовите во мигрирањето за работни цели. Биле добиени 20 земји во кои се забележува најголема миграциска активност, кои биле рангирани според бројот на жители кои заминале од таа земја, а резултатите се составени во споредба со изминатата година.
Трендот на Обединетите Арапски Емирати поради миграцијата расте со 1,89% жители повеќе кои пристигнуваат наспроти оние кои заминуваат. Ирска забележува мал пораст на мигранти кои доаѓаат наспроти оние кои заминуваат, а во Индија односот е различен и во споредба со изминатата година поголем процент жители заминале отколку пристигнале.
На врвот се наоѓаат Обединетите Арапски Емирати. Овде, 28% од сите мигранти кои се преселиле за работа доаѓаат од Индија. Поголемиот дел од нив се преселиле за работа во технологијата, финансиите и инженерските фирми.
Најчестите професии за странските работници во земјата за 2014 се продавачи, маркетинг специјалисти, проектни менаџери, сметководители, советници и машински инженери.