Книги што треба да ги прочита секоја жена
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Шерил Сендберг од „Фејсбук“ неодамна даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое зборува за својот професионален и приватен живот. Меѓу другото, таа обрна повеќе внимание на советување на жените, и тоа преку лични препораки за читање. Следуваат насловите.
„Bossypants“ - Тина Феј
Тина Феј дискутира за важните проблеми со кои се соочуваат жените на работното место секојдневно.
„Conscious Business“ - Фред Кофман
Темата на книгата е успехот, кој доаѓа природно кога дејствуваме етички правилно.
„A Short Guide to a Happy Life“ - Ана Квиндлен
Авторката гледа на начинот на кој жените се гледаат себеси во општеството.
„Now, Discover Your Strengths“ - Маркус Бакингем и Доналд О. Клифтон
Книгата ги советува читателите да се концентрираат на своите силни страни, наместо на слабостите, особено во случај на жените на работното место.
„Home Game“ - Мајкл Луис
Ова е хумористичен поглед на татковството гледано од машка страна во кое ќе се пронајдат жените.
„The Lean Startup“ - Ерик Рајс
Ова е водич за започнување бизнис со мал буџет во кој се охрабруваат жените да го направат првиот чекор кон успехот.