Познати жени кои имаат натпросечна интелигенција
Подготвил:
Тамара Гроздановски
И додека повеќето луѓе ги осудуваат сметајќи дека се само убавици и ништо повеќе, голем дел од актерките и пејачките се членови на Менса.
Шерон Стоун - Легендарната Шерон Стоун е позната по улогите на способна жена со заносен изглед, но таа докажа дека е многу повеќе од тоа. Познатата глумица е примена на Универзитетот во Единбург кога имала само 15 години, а нејзиниот коефицент на интелигенција е 154. Таа е член на Менса.
Шакира - Прекрасната пејачка Шакира многу луѓе ја засакаа благодарение на интересната боја на нејзиниот глас, како и потеклото. Но многу луѓе не знаат дека таа е натпросечно интелигентна, а нејзиниот коефицент изнесува 140.
Синди Крафорд - Познатата манекенка е една од најубавите жени во светот, но нејзината приказна не застанува тука. Освен гламурозноста, таа може да се пофали со високата интелигенција.
Никол Кидман - Оскаровката Никол Кидман се откажала од училиштето на 16 годишна возраст за да се посвети на глумата. Австралиската убавица има коефицент на интелигенција 140 и се придружува на листата на жени кои освојуваат со убавината и интелигенцијата.
Натали Портман - Во својата филмографија има различни улоги, од научник до балерина. Не само што е екстремно талентирана за глума туку таа има и завршено основни академски студии на престижниот Харвард. Освен што е факултетски образована, Натали течно зборува хебрејски и англиски, а разбира француски, германски, јапонски и шпански.