Германија ќе дава работни дозволи на земјите од Западен Балкан
Луѓето од Западен Балкан во иднина би требало полесно да доаѓаат до работа во Германија. Министерката за труд Андреа Налес за „Шпигел“ рече дека на тој начин сака да го прекине „кругот од доаѓање и протерување“, пренесува DW на македонски јазик.
Германската министерка за труд и социјала Андреа Налес (на фотографијата) сака на луѓето од Западен Балкан да им обезбеди полесен пристап до германскиот пазар на работа. „Мора да создадеме контингент од работни дозволи за граѓаните на сите шест држави на Западниот Балкан“, изјави Налес во интервју за „Шпигел“.
Во период од 5 години би требало во Германија годишно да доаѓаат по 20.000 работници, без оглед на квалификацијата. Тие во Германија би работеле, или би биле примани на обука. „Тоа би била една можност да се прекине кругот од доаѓање и протерување“, вели Налес.
Предуслов за доаѓање би била согласност од Агенцијата за работа и имање конкретно работно место, односно место за обука, со плата која е вообичаена за германски услови. Налес нагласува:
Целиот текст може да го прочитате
тука