Дали би го поминале интервјуто за работа во Apple?

Дали би го поминале интервјуто за работа во Apple?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Да се работи во компанија како Apple е исполнување на сонот, бидејќи оваа фирма се смета за една од најдобрите во светот. Сепак, со голема моќ доаѓа и голема одговорност, бидејќи Apple сигурно не вработува секој.

 

епл


Големите IT компании како Google, Apple или Microsoft, низ годините создале голем број сериозни тестови и прашања за да се осигураат дека луѓето кои ги вработуваат се најдобрите на пазарот на трудот.

Apple точно знае кој профил на луѓе сака да вработи, а овие се 15 интересни прашања кои сигурно ќе ги добиете доколку успеете да дојдете до интервју за работа.

1. Една работа на која сте особено горди

2. Кои се вашите најголеми неуспеси и што научивте од нив?

3. Опишете еден проблем од вашето претходно работно место и кажете како сте го решиле.

4. Како на 8 годишно момче би му објасниле што е рутер и како тој функционира?

5. Зошто се пријавивте за работа во Apple?

6. Дали некогаш сте имале различни мислења со вашиот претпоставен и како сте пристапиле кон проблемот? Дадете конкретен пример.

7. Како би тестирале дали тостерот работи во ред?

8. Дали сте креативни? Кажете ни нешто што го сметате за креативни.

9. Имате две јајца и сакате да дознаете која е максималната висина од која може да се фрли јајце, без да се скрши. Како би го направиле тоа?

10. Зошто баш вас треба да ве вработиме?

11. Што е поважно: Да се поправи проблемот на корисникот или да се создаде добро искуство?

12. Изгледате како позитивна личност. што може да ве онерасположи?

13. Објаснете како на купувачот би му покажале дека му стоите на располагање, притоа служејќи се само со вашиот глас.

14. Кажете ни го најдобриот и најлошиот ден кои сте ги доживеале во последните 4 години.

15. Колку деца се раѓаат во светот секој ден?