Македонските студенти ќе избираат свои омилени брендови
Околу 60,000 студенти во Република Македонија за прв пат ќе имаат можност
да ги одберат своите омилени брендови, распоредени во вкупно 19
категории производи/услуги. STUBRAND е првото официјално меѓународно
истражување, со кое, директно од страна и на македонските студенти ќе се
промовираат оние брендови, кон кои нивниот степен на задоволство и
емотивна лојалност е највисока.
Секоја година,
STUBRAND определува 200-300 брендови избрани врз основа
на секојдневните потрошувачки навики на студентите на конкретниот пазар,
нивната популарност на социјалните мрежи, студентските форуми, блогови и сл. Допонително,
при изборот на брендовите,
STUBRAND ги зема во вид и советите од докажани маркетинг
експерти и влијателни професионалци и креатори на јавното мислење во разни области, кои се од
интерес за студентската популација.
За да се зголеми бројот на одговорите и валидноста на добиените резултати, истражувањето е
направено така што на многу едноставен начин, со кликање на една од понудените опции: Love,
Like, Neutral, Dislike, and Hate, студентите да ја изразат својата првична, или импулсивно-емотивна
реакција спрема дадениот бренд (тн. “WOW effect”).
Резултатите од истражувањето на
STUBRAND, чиј пристап ќе биде овозможен преку
официјалната
веб-страна (www.stubrand.com), Facebook страницата, како и преку банери и реклами на
реномираните електронски медиуми, ќе имаат голема вредност за многу компании. Имено, тие ќе
им помогнат да дознаат кој е степенот на задоволство и емотивна лојалност на студентите кон нив
и нивните брендови, како и да откријат како истите се перцепирани во однос на главните
конкуренти. Овие показатели, добиени директно од страна на новите генерации потрошувачи, се
исклучително важни за прилагодување на понудата на фирмите во насока на одржување на
нивната краткорочна, но пред сѐ догорочна профитабилност.
Вообичаена пракса која додава вредност на истражувањето претставува настанот за свечено
доделување награди и промоција на најдобро-рангираните брендови, кој од страна на
STUBRAND ќе биде организиран до крајот на календарската година.,Истиот ќе биде и одлична можност за
вмрежување на најуспешните компании кои се сопственици на брендовите и најуспешните
студенти, со двостран бенефит. Имено, фирмите ќе можат на едно место да ги пронајдат своите
идни кадри од редот на најталентираните македонски студенти, а студентите ќе си ги зголемат
шансите за почеток на својата професионална кариера во дел од најреномираните фирми кои
делуваат на македонскиот пазар.
Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ) е лиценцирана да го
реализира истражувањето на
STUBRAND во 2015 година во Република Македонија.
Тројца студенти кои целосно ќе го одговорат прашалникот, по случаен избор ќе добијат ваучери за
присуство на
тримесечната сертифицирана академија Life Tools Academy
(http://napag.mk/wp/?p=1382), а првите 100 студенти кои целосно и најбрзо ќе го одговорат
прашалникот ќе добијат ваучер за присуство на свечениот настан каде ќе имаат можност да се
вмрежат со најуспешните македонски компании, зголемувајќи си ги шансите за вработување кај
нив.
Линк до истражувањето:
http://stubrandmacedonia2015.questionpro.com