Уплатници ли се уплатници, студентски маки големи
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Студентите трошат просечно 1.500 евра годишно за покривање на сите трошоци за студирање – сместување, патување и школарина. Од тие 1.500 евра, се чини дека школарината е една од најниските трошоци, особено доколку се работи за студент од државната квота.
Школарината за студирање на државен факултет во земјава изнесува 200 евра или 400 евра годишно, за државна квота или со кофинансирање, соодветно. Поделете ја на половина и го добивате износот кој треба да се плати на почетокот на секој од семестрите. Впрочем, тоа не е случајот овде. На почетокот на зимскиот семестар има дополнителни трошоци кои се бараат од студентите и кои се задолжителни. Кои се тие трошоци? Зависи од факултетот.
Така, на
Филолошкиот факултет, освен уплатница за школарина и уплатници за административни такси за запишување на зимски семестар од студентите се бараат и уплатница за информативни, информатички, културни и спортски активности (
750 денари) и потврда за уплата за електронска евиденција и надомест за штети (
500 денари).
На
Економскиот факултет потребно е да се принесат потврди за уплата за тетратки, шифрарници за писмен испит, книжен фонд, штети, студентски интернет центар (
1.100 денари, само прва рата), уплата за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на УКИМ (
750 денари) и уплата за Студентски парламент на Економски факултет (
200 денари).
Кога станува збор за
Машинскиот факултет, потребни се уплатници за тетратки и книжен фонд (
450 денари) и една за информатички, културни и спортски активности (
750 денари).
На
Факултетот за електротехника и информатички технологии се бара уплатница за материјални трошоци (
1.300 денари), во чиј износ се вклучени тетратките за испити; книжен фонд; солидарна одговорност; колективно осигурување; уверенија за редовност и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа. Освен тоа, се препорачува и уплатницата за Студентскиот парламент во износ од
100 денари.
ФИНКИ, покрај уплатниците за школарина и административни такси бара и уплатници за административно материјални трошоци и осигурување (
750 денари) и за информатички, културни и спортски активности (
750 денари).
Иако изгледа дека уплатницата за информатички, културни и спортски активности е задолжителна за сите студенти при УКИМ со оглед на тоа што се бара на поголемиот дел од факултетите, тоа не е така.
Имено, на
Медицинскиот факултет, таа воопшто не се споменува. Така, студентите на Медицинскиот факултет треба да принесат само уплатници за административни такси со соодветните обрасци за запишување и заверка и уплата за школарина.