На кафе со Иван Ивановски, ко-основач на Веником мобиле

На кафе со Иван Ивановски, ко-основач на Веником мобиле



Одморени, мотивирани и со нови идеи Ви го најавуваме 12 - тото Бизнис Кафе Македонија, со кое ќе ја заокружиме втората сезона. Бидете со нас на 24.09.2015 г. од 18:00 часот, во прекрасниот хотел Russia (www.hotelrussia.mk).

Како и досегашните изминати настани, така и сега имаме незаменливи гости: Г-динот Лаурент Копиц од Франција е извршен директор и ко-основач на F.A.M.E.'S. Project. Музички уредник кој лесно се соочува со различните аспекти на музичко-издавачкиот бизнис. 10 години искуство во областа на управување со проекти, музичка и графичка контрола за кохерентност, подготовка на музика, комуникација и соработка со врвни композитори. Над 600 проекти, наградата за најдобра музика на IFMCA Awards 2014 за филмот El tiempo entre costuras, Греми номинацијата за најдобра музика за видео играта Jorney од Sony, Еми наградата за најдобра драмска музика за филмот Hemingway & Gellhorn со Никол Кидман и Клиф Овен се само дел од успесите на компанијата. Г-ѓата Рената Наумовска, тренер за ПР од 2005 година, која успешно ја позиционираше ФХ3Х како лидерска компанија за продукција на визуелни ефекти и анимација во Македонија и во регионот, која зад себе има меѓународни ПР кампањи како што се "Eye on Macedonia" и учество во проектот ФX3X да биде промовирана како успешна компанија во светскио академски учебник "Entrepreneurial Icebreakers" во издание на Palgrave Macmillan и е единствена македонска компанија која тоа го постигнала до денес. И Г- динот Иван Ивановски е ко-основач на Venikom Mobile, водечка македонска компанија за конципирање и изработка на мобилни апликации. Venikom, има создадено неколку неверојатни апликации за повеќе светски брендови како Vogue Paris, Nike, Glamour, Vanity Fair, Heineken и многу други. Venikom неодамна лансираше WordPres plugin – Lynx.press , кој ќе им овозможи на медиа издавачите ширум светот да создаваат мобилни апликации за Android и iOS полесно и побрзо од било кога досега без никаква почетна инвестиција.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење. Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!
Влезниците по промотивна цена од 200 денари(важи само за СТУДЕНТИ) може да се уплатат на жиро сметка на:

Актива Вел ДООЕЛ Скопје

ж-ка: 210-0670366601-10; Тутунска Банка Скопје
со назнака: Котизација за настан Бизнис кафе.