Кошмарот на едно семејство кое граничи со Областа 51

Кошмарот на едно семејство кое граничи со Областа 51

Подготвил: Тамара Гроздановски

Веќе 60 години семејството Шеаханс кое живее близу областа 51, претрпува бомбардирање, пукање и закани меѓутоа тие велат дека не се откажуваат од нивното земјиште.

 

област


Семејството е сопственик на 170 хектари површина наречена „Groom mine“ со поглед на Областа 51, една од најстрого чуваните воени тајни на Америка и „Мека“ за пронаоѓање на НЛО и теории на заговор.


Лоцирана во пустината Невада, воената база позната како „Тhe Nevada Test and Training Range“ се граничи со имотот на семејството Шеаханс кое семејството го има уште од 1889 година.

Според семејството, постојано биле извршувани нелегални пребарувањња, владини контроли и воени напади со авиони на земјиштето. Меѓутоа со последната акција, предизвикало семејството да започне да зборува после шест децении молк. Имено американските воздухопловни сили им дале услов: да го продадат земјиштето за 5.2 милиони или да гледаат како им го уништуваат без да им дадат пари.

 

1


Семејството ги одбило, тврдејќи дека понудата е помалку од половина од вистинската вредност на земјиштето, а не дошло ни блиску до компензирање за наследството на болести и загубата на животите.

Минатата недела воените американски сили поднеле тужба барајќи да се донесе забрзана пресуда. Доколку успеат, Шеаханс ќе останат без ништо.

„Навистина не сакавме да споделуваме ништо со јавноста, меѓутоа американските воени сили едноставно не` примораа“, вели Дан Шеахан, кој заедно со братучедите Џо Шеахан и Барбара Шеахан го поседуваат имотот.

„Сакаме да знаат дека она што му го направија на нашето семејство во текот на последните 60 години едноставно е неприфатливо“.

 

3


Американските воени сили пак, велат дека го сакаат земјиштето бидејќи, после децении внимавање на семејството во и надвор од ограничената област, не можат повеќе да се грижат за нивната безбедност.

„Се обидовме да направиме се` што можеме, вклучувајќи и откажување на мисии кога тие доаѓаа. Тоа значи губење на пари“, вели високиот командант на воздухопловните сили, полковник Томас Демпси.

Но Џо Шеахан вели дека тоа е далеку од вистината. „Јас не го создадов овој хаос, тие го создадоа. Тие не` опколија. Уморни сме од бегање и криење. Мислам дека 60 години ги прикриваат нивните криминални активности. Она што сакаат е да го купат нашиот имот, нашите права и нашиот поглед. Зошто тие не се запрашаат себеси колку плати моето семејство низ годините полни со крв, пот, солзи и пари?“.

 

5


„За возврат не добивме ништо - само закани и огорчени активности од сопствената влада. Делата на американската воена сила се навредливи за идеалите врз кои е изградена оваа држава: дека секој Американец има одредени неотуѓиви права за живот, слобода и потрага по среќа“.

Американските воени сили започнаа да ја купуваат областа уште во 1940-те. Во тоа време имотот  на семејството Шеахан било изрешетено со куршуми од авиони во обид да ги заплашат.

На земјиштето имало рудник кој функционирал и бил просперитетен се` до средината на 50-тите кога базата била изградена и било започнато со експериментите за нуклеарно оружје. Но семејството останало да работи во фабриката за рудникот, се` до нејзиното мистериозно експлодирање во 1954 година, за која Шеахан тврдат дека бил токму од воените американски сили.

 

6


Тие побарале надоместок од владата, но немале пари за да ја поднесат тужбата. Тоа бил и последниот пат кога тужеле. Во 1959 година, Даниел и Марта Шеахан испратиле писмо до јавниот обвинител во кое како причина за уништувањето на рудникот, ја наведуваат радиоактивноста. Со тоа започнала 60 годишната војна меѓу американските воени сили и семејството Шеахан кое тврди дека постојано биле под нишан додека го посетувале нивниот имот.

Како што тврдат тие, според проценката направена на нивниот имот во 1986 година,  рудникот вреди повеќе од 13 милиони долари.