Генијален метод на настава на една наставничка
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Насилството започнува со неповрзаноста и изолираноста. Целото надворешно насилство започнува како внатрешна осаменост.
Една наставничка од САД го знае ова и се обидува да го искористи своето знаење за да влијае на своите ученици. Нејзиниот метод се состои од следново:
Секоја недела, таа бара од учениците да извадат лист хартија и на него анонимно да напишат имиња на 4 деца со кои би сакале да седат следната недела. Децата знаат дека можеби нема да им бидат исполнети желбите. Таа бара од учениците и да номинираат еден ученик за кого веруваат дека бил одличен таа недела. На крајот на секоја недела, наставничката ги проучува анонимните ливчиња и бара поврзаност меѓу нив.
Кој не е споменат во листовите?
Кој не знае кого би сакал да седи до него?
Кој никогаш не е номиниран?
Кој имал многу пријатели изминатата недела, а ниту еден неделава?
Наставничката не бара начин на сместување на учениците. Таа бара осамени деца. Таа бара деца кои не успеваат да се поврзат со другите ученици и ги открива оние чии таленти поминуваат незабележани од нивните соученици.
Бил Клеј, татко на ученик во класот на наставничката за која станува збор го објавил овој метод на „
Фејсбук“.
- Таа спасува животи. Убеден сум во тоа. Таа спасува животи. - пишува тој.
Наставничката се пензионира годинава, по децении спасување животи.