Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за автоматизација на процеси и системи за оперативна поддршка, технологија и корпоративни решенија / Сектор за ERP технологија и корпоративни решенија / Област на Главниот директор за информатичка технологија

Работно место:
Виши соработник за кориснички решенија

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место



Услови:

    -Високо или Вишо образование - Технички факултет - Електротехника, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет - Институт за Информатика или друг технички факултет
    -1-3 години соодветно работно искуство
    -Активно познавање на англиски јазик
    -Добро пoзнавање на алатки за развој на софтвер и технологии и програмски јазици како .NET технологија или Oracle Developer/Designer или JAVA и т. н.
   -Добро познавање на релациони бази на податоци
    -Добро познавање на технологии за развој на апликации за паметни телефони (smart phones)
    -Познавање на најдобрата практика во работењето на ИТ


Работни задачи:

    -Филтрирање на нови идеи и евалуација на извршувањето на работата на постојните понуди за процесот на осмислување
    -Да учествува во проекти за развој на софтвер со цел обезбедување на кориснички ориентирани решенија
    -Да учествува во активностите за апликативно одржување на системите во негова надлежност во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
    -Да учествува при анализата на бизнис барањата за имплементација на нови кориснички решенија и имплементација на нови функционалности во постојните кориснички системи .
    -Да ја имплементира корпоративната и ИТ политиката и постапки
    -Да учествува при имплементирањето на процесите и процедурите неопходни за ефикасно работење како и да ја следи ефикасноста на истите
    -Да учествува во развивање и ажурирање на процеси за ИТ стандарди, политика и постапки
    -Да учествува во корпоративни проекти
    -Да учествува при справување со сложени апликациски карактеристики и технички дизајни
    -Да имплементира нови производи или верзии на производи по барање
    -Да учествува во развивањето и ажурирањето на документацијата за корисниците
    -Да помага при анализи во врска со прашањата/ проблемите кои се јавиле во развиените апликации и да предлага решенија
    -Да учествува во обуките за крајните корисници на системите
    -Да учествува во сите потребни активности за промените на софтвер за апликации
    -Да дијагностицира проблеми и да ги решава повиците за услуги и инциденти на второ ниво на ИТ поддршка на секојдневното работење на системите
    -Известување за инциденти и проблеми на добавувачи/трети страни во согласност со Договорите за услуги
    -Да пријавува и ескалира проблеми до специјалистите при оперативно одржување на системите
    -Да учествува во имплементацијата и надградувањето на информатичката безбедност и безбедноста на администрирањето на податоци во системите во негова надлежност
    -Да ја заштитува тајноста на важни податоци за компанијата во согласност со корпоративната политика за безбедност


Способности и вештини:

-Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа.

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши соработник за кориснички решенија

Огласот ќе биде објавен на ден 23.09.2015 година и ќе трае до 09.10.2015

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 22.954,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.