НАСА потврди - на Марс тече солена вода!

НАСА потврди - на Марс тече солена вода!

Подготвил: Драгана Петрушевска

Марс не е сува планета како што се мислеше порано. Вода во течна состојба на Марс ИМА.


Научниците изјавија дека Марс нема само замрзната вода, туку и течна солена вода, барем во текот на летото. Тие велат дека последните набљудувања ја поддржуваат теоријата дека на Марс тече солена вода секое лето. Оваа вода се појавува и се зголемува за време на најтоплите месеци, а исчезнува на крајот на годината.

Солта ја намалува точката на замрзнување на водата, поради што се објаснува сезонското појавување. Водата претставува основна состојка на животот, поради што откритието на Марс е значајно.

Истражувачите велат дека потребно е дополнително истражување за откривање било каков микроскопски живот денес на Марс.