Отворено е ново работно место во Ван Хоол
Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден, има потреба од новo вработувања на определено време од 6 месеци, за следнава позиција:
ТЕХНИЧАР ЗА КВАЛИТЕТ
Одговорности и задачи:
Влезна инспекција;
Oсигурување дека завршените активности од производството на Van Hool и од добавувачите се во согласност со дадените спецификации, вклучувајќи и финална проверка на производот;
Надгледување на примената на системот за квалитет во сите фази од производнтата линија, преку проверки и ревизии;
Истражување за неправилностите и предлагање корективни и превентивни мерки, процес аудит;
Проверка на контролната книга, функционалноста, тест возење, воден тест, реинспекција после поправката на пронајдените забелешки на финалниот производ;
Потребни квалификации:
ВСС – Машински Инженер;
Претходно работно искуство во автомобилскиот сектор;
Искуство со заварени конструкции;
Способност за работа под притисок и кратки рокови;
Напредно познавање на Microsoft Office;
Течно зборување и пишување на Англиски и Македонски јазик;
Поседување на возачка дозола Д – категорија и претходно искуство со системи за квалитет (ISO) ќе се смета за предност;
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV на англиски или на македонски јазик на следнава e-mail адреса:
jobs.mk@vanhool.be
Ве молиме Вашето CV да биде испратено со назнака во Subject: насловот на позицијата за која аплицирате, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 09/10/2015