Оглас за вработување во АД МЕПСО

Оглас за вработување во АД МЕПСО

Мепсо Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Објавен во службен весник на РМ број 74/2015 и 129/2015 член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, (арх. бр. 026432 од 31. 10. 2013 година), и Одлуката бр. 025106 од 29. 09. 2015 година за потреба од засновање на работен однос, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС


За потреба од засновање на работен однос со 19 (деветнаесет) работника за извршување на работи на неопределено време, во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.

Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:

1 (еден извршител за работното место технички секретар во Секторот за правни и општи работи со средна стручна подготовка- ССС- IV степен, работно искуство од 1 година, за кое работно место нето платата изнесува 27. 200, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место референт за правни работи во Сектор за правни и општи работи со висок степен на стручна подготовка- VIII или 180/240 ектс- Правен факултет, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35. 100, 00 денари.

2 извршители за работно место референт за обезбедување докази во Секторот за правни и општи работи со висок степен на стручна подготовка- VIII или 180/240 ектс, ВСС со работно искуство 2 години, за кое работно место нето платата изнесува 35. 100, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место архивар во Секторот за правни и општи работи со средна стручна подготовка- ССС гимназија / економско / правно- IV степен, работно искуство од 1 година, за кое работно место нето платата изнесува 26. 000, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место апликативен инженер во Сектор за ИТ и ТК со висок степен на стручна подготовка- VIII или 240 ектс- Информатика, со работно искуство од 1 година, за кое работно место нето платата изнесува 35. 100, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место техничар во Секторот за ИТ и ТК со средна стручна подготовка- ССС- IV степен, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 28. 300, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место Одговорен инженер за одржување и развој на ИТ решенија во Подружница ПЕЕ со висок степен на стручна подготовка- VIII или 240 ектс- Електротехнички/Информатика со 2 години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 40. 800, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место економист за фактурирање во Подружница ОПЕЕ со висок степен на стручна подготовка- VII 1 или 240 ектс- Економски факултет со работно искуство од 2 години, за кое работно место нето платата изнесува 35. 100, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место самостоен инженер за бази на податоци во Подружница ОЕПС со висок степен на стручна подготовка- VIII или 240 ектс- Електротехнички, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38. 500, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место референт за осигурување во Подружница ОПМ со висок степен на стручна подготовка ВСС- насока осигурување- VIII или VI/ 180/240 ектс- со работно искуство од 1 година за кое работно место нето платата изнесува 35. 100, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место диспечер во Подружница ОПМ со средна стручна подготовка- сообраќајно/машинско/електротехничкооо- IV степен, со работно искуство од 1 година, за кое работно место нето платата изнесува 26. 000, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место возач во Подружница ОПМ со средна стручна подготовка- ССС- IV степен возачка дозвола Б категорија, со работно искуство од 2 години за кое работно место нето платата изнесува 27. 200, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место проектант обработувач на техничка документација во Подружница ОПМ со средна стручна подготовка- електротехничко училиште- IV степен, со работно искуство од 1 година, за кое работно место нето платата изнесува 28. 300, 00 денари.

1 (еден) извршител за работното место техничар за обработка на податоци во служба за ГИС во Сектор за ИТ и ТК со CCCIV степен на стручна подготовка без работно искуство за кое работно место нето платата изнесува 28. 300, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место хигиеничар во ТС Битола во Подружница ОПМ основно образование- 1 степен, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19. 200, 00 денари. 1 (еден извршител за работното место кв. автомеханичар во Подружница ОПМ со средна стручна подготовка- ССС- III/IV степен, работно искуство од 2 години, за кое работно место нето платата изнесува 24. 900, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место евидентичар во служба за комерцијално набавни работи во Сектор за финансиски работи со средна стручна подготовка- ССС- IV степен, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 26. 000, 00 денари.

1 (еден извршител за работното место возач во Кабинет на заменик Генерален директор со средна стручна подготовка- ССС- III/IV степен, возачка дозвола Б категорија, со работно искуство од 1 година, за кое работно место нето платата изнесува 27. 200, 00 денари.

Со пријавата, во која се наведува за кое работно место се аплицира, кандидатите треба да достават: Кратка биографија (CV) Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар) Доказ за посебнитев услови( доколку се бараат за работното место) Уверение за државјанство (копија Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично во оргинал или копија заверена кај нотар)

Огласот трае 5 пет работни дена од денот на објавувањето не сметајќи го денот на објавувањето). Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати Работниот однос се заснова на неопределено време.

Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно со 8 работни часа дневно почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7, 45 часот до 08, 15 a заминување од работа од 15, 45 часот до 16, 15 часот со право на пауза од 30 минути во периодот од 10, 30 до 1 1, 00 часот. Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.

Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) работни дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост. За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат. Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол, paca, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност. Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул. Максим Горки" бр. 4 Скопје. Генерален директор, м-р Синиша Спасов