Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

СЦАТ ТЕХНИЧАР

(SCAT TECHNICIAN)

Реф.бр. 2015072

Џонсон Мети има потреба од СЦАТ Техничар (SCAT Technician) кој ќе му се придружи на нашиот тим за Квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија. СЦАТ Техничарот ќе биде дел од квалификуван тим на техничари / инжинери и ќе биде работи во современа СЦАТ лабораторијата во рамките на Одделот за квалитет.

Успешниот кандидат ќе биде одговорен за анализирање на примероци и користење на лабораториска опрема, осигурувајќи се дека стандардите за квалитет и барањата на клиентите за испорака се задоволени, како и тоа дека е понудена ефикасна лабораториска услуга на одделите за Логистика, Квалитет и Производство.

 Оваа позиција исто така подразбира грижа во одржување на опремата, подготвување на примероци, следење на добрата лабораториска пракса, асистирање во истражувањата и обезбедување аналитичка поддршка при крајното тестирање на производот и асистирање во навременото реализирање на финалните производи.

Дополнителни одговорности кои ќе ги има СЦАТ Техничарот вклучуваат и препознавање и превземање на активности за елиминирање на можни здравствени, безбедносни и ризици поврзани со животната средина, како и комуникација во врска сокомплексни технички информации за управување со проекти и помош во завршувањето на капитални подобрувања во насока на подобрување на ефикасноста или додавање на нови инструментални методи.

Кандидатите е потребно да поседуваат:

• Средно техничко образование или Универзитетска диплома од областа на Инженеринг /Технички науки ќе се смета за предност

• Работно искуство во производствена компанија и исто така ќе се смета за предност претходно работно искуство во индустриска лабораторија

• Напредно познавање на Microsoft Excel програмата

• Лични карактеристики на само-мотивираност и одлични комуникациски вештини

• Способност за работа со куси рокови

• Способност за учење и применување на нови вештини, а истовремено одржување на високо ниво на точност и квалитет во работењето

• Задолжително познавање на пишуван и говорен англиски и македонски јазик

• Други работни обврски согласно Описот на работното место

Позицијата подразбира работа во три смени:(I:06.00-14.00h; II: 14.00-22.00h; III:22.00-06.00h)

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV и писмо за мотивација на Англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашето CV и писмо за мотивација да биде испратено како MS Word Документ со назнака и наслов за која работна позиција аплицирате, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана. Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.

Краен рок за прием на апликациите е: 11/10/2015