Оглас за вработување во БЕЗИСТЕН

Оглас за вработување во БЕЗИСТЕН



Ние сме една од најстарите галерии во приватна сопственост во Скопје. Наша дејност е увоз и извоз на уметнички добра и уметнички слики, порцелан и антиквитети и уникатни предмети. Големопродажба и малопродажба на ланец производи. Компанијата е генерален застапник на Томас Сабо и Ноеми.

За потребите на продажниот салон, имаме потреба од комуникативни, мотивирани и амбициозни личности за работно место: 

Референт за продажба 
(2 работни места) 

Потребни квалификации
- Средно образование
- Искуство во продажба ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик и работа со компјутер
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Одлични преговарачки вештини
- Ориентираност кон купувачи

Опис на работно место
- Планирање и организирање на продажни активности
- Развивање и одржување на односите со купувачите
- Следење и грижење за наплата
- Грижа за уредноста во салонот согласно стандардите и насоките на работодавецот

Работната недела е 6 дена од понеделник до сабота. Полното работно време изнесува 40 часа неделно, се работи во две смени (прва смена од 08 до 14:30 часот и втора смена од 13:30 до 20 часот). Паричниот износ на основна нето плата изнесува 12.000,00 ден. месечно.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо, најдоцна до 13 октомври 2015 год. на e-mail: pieta@unet.com.mk