Оглас за вработување во MSTEEL
Ние сме успешна меѓународна компанија од Белгија за производство и обработка на лим.
За претставништвото во Скопје имаме потреба од одговорна, мотивирана и динамична
личност за работно место:
ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Универзитетско образование (Машински факултет, Електротехнички факултет, Технички
факултет)
- Најмалку 5 год работно искуство на раководна позиција
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Лидерски вештини, самоиницијативност и мотивираност
- Флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање решенија
Опис на работно место:
- Организирање, насочување и координирање на активностите во компанијата
- Воспоставување и исполнување на целите во производство
- Контролирање на процесот на производство и планирање
- Проценка на количества резерва за готов производ
- Развој на стратешки план за производство и продажни можности
- Кординирање на активности за набавка на материјали, машини и делови на машини
- Управување со царински постапки
- Подготовка на извештаи, залихи и финансиски податоци
- Следење на реалните перформанси на процесот на планирање
- Развој на нови идеи за зголемување на ефикасноста на производниот процес
- Одржување контрола на квалитет
- Зголемување на ефективноста на менаџментот со селекција, обука, советување и
насочување на раководителите
Работната недела е 5 дена од понеделник до петок. Полното работно време изнесува 40 часа
неделно, а работниот ден трае 8 часа со почеток од 08:00 часот до 16:00 часот. Паричниот износ на
основна нето плата изнесува 70.000 ден месечно, плус бонуси согласно остварувањата.
Компанијата нуди одлични услови за работа, одлични можности за кариера. Изборот ќе се врши по
претходно интервјуирање и тестирање на кандидатите.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат
резиме (CV) на англиски јазик и придружно писмо, најдоцна до 14 октомври 2015 год. по e-mail:
msteel@t-home.mk
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи,
имаат подеднакви шанси за вработување