Зошто генијалните умови секогаш носат иста облека?

Зошто генијалните умови секогаш носат иста облека?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Цифра која шокира речиси сите - луѓето дневно преработуваат околу 74 гигабајти податоци. Токму затоа многу луѓе, а особено поинтелигентните, кои повеќе го користат мозокот, често пати се случува да достигнат преоптеретување на информациите кои доведуваат до „уморување од одлуки“.

 

одлука


Токму затоа, кога треба да одлучат што да облечат, облекуваат наједноставна облека на која навикнале.

Неврологот и психологот Даниел Левитин вели дека преоптеретувањето со информациите се однесува на идејата дека се обидуваме во мозокот да внесеме повеќе отколку што тој може да поднеси.

„Претходно сметавме дека можеме да обрнуваме внимание на девет работи истовремено. Сега знаеме дека ова не е точно. Ова е преценето. Свесниот ум може истовремено да се грижи за три работи. Кога се обидувате да „жонглирате“ со повеќе работи наеднаш, тогаш буквално започнувате да ја губите силата во мозокот“, вели тој.

Преоптеретувањето на информациите доведува до нешто што е нарекува „уморување од одлуки“.

 

одлука


Токму поради оваа причина секој пат кога ќе видете слика од Ајнштајн и многу други научни умови, тие скоро секогаш се во иста облека. Во случај на германскиот научник тоа било сивото одело, кај Стив Џобс црната ролка, а кај Марк Цукерберг тоа е сивата маица со кратки ракави.

Цукерберг во текот на прашањата и одговори, во комуникацијата со публиката во 2014 година изјави дека сака да го доведе својот живот до точка да мора да донесува само неколку одлуки кои не се однесуваат на ситуациите од човечката заедница.

Барак Обама во интервјуто за Vanity Fair во 2012 година изјави: „Ќе ме видете како носам само сиви или темно сини одела. Се обидувам да ја намалувам количината на одлуки кои ги донесувам. Не сакам да одлучува за тоа што носам и што јадам бидејќи имам многу други одлуки кои треба да бидат донесени“.

Едноставно, тој не сака да троши енергија на донесување на помалку важни одлуки како што е гардеробата. Кога секој ден размислувате за тоа што да облечете, вие заземате вреден простор од меморијата на мозокот и полека  го преоптеретувате.

„Вие трошите скоро иста количина на енергија и хранливи материи во мозокот при донесувањето на тривијални одлуки колку што трошите кога донесувате важни одлуки во животот“, вели Даниел Левитин.