Која е разликата меѓу обичниот и мудриот родител?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Сите го доживеавме детството, но често забораваме на тоа. Длабоко во себе знаеме како правилно да постапиме во врска со децата, но во секојдневието ни недостасува трпение и мудрост за тоа да го реализираме.
Затоа ви нудиме важни работи кои би ви помогнале во воспитувањето и формирањето на личноста на детето.
1.
Обичниот родител е уверен дека своето слободно време треба да го посвети на детето, при што своите интереси ги става во втор план.
Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, а тоа го учи и своето дете.
2.
Обичниот родител ја поминува вечерта помагајќи му на своето дете околу домашната работа.
Мудриот родител во воспитувањето на детето се придржува кон следните стратегии: детето е задолжено за извршената или неизвршената домашна задача и само тоа е одговорно за тоа.
3.
Обичниот родител се обидува да се искупи користејќи различни подароци и пари.
Мудриот родител редовно на детето му дава пари за џепарлак, но тоа треба да ги распореди на таков начин што самостојно ќе може да си купува себеси.
4.
Обичниот родител не се обидува да сфати зошто неговото дете лошо се однесува.
Мудриот родител со сета сила се
обидува да го сослуша своето дете за да сфати што се крие позади неговото однесување и да пронајде можност да му помогне.
5.
Обичниот родител има за цел своето дете да го претвори во пристоен човек.
Мудриот родител прави се` за да изгради блиски однос со детето.
6.
Обичниот родител го воспитува детето во атмосфера на попуштање, а понекогаш му дозволува да му се качи на глава.
Мудриот родител сфаќа дека има целосно право на свој личен простор, хоби и време поминато без детето. Тој ги почитува како своите, така и границите на своето дете.
7.
Обичниот родител се обидува да го заштити своето дете од сите животни потешкотии.
Мудриот родител му дозволува на своето дете да прави грешки и заедно со него дискутира за тоа каква позитивна лекција детето може да извлече од ситуацијата.