Дали македонските студенти можат да поминат на приемен испит во Оксфорд?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Освен што во средно училиште мора да имате само петки, за да се запишете на Оксфорд морате да положите посебен приемен испит. Токму овој Универзитет одучил да објави примери од приемниот испит на различни насоки на универзитетот.
Прашањата се објавени пред крајниот рок во кој треба да се пријават студентите кои следната година сакаат да студираат на Оксфорд.
Самина Кан, директорката на одделот за креирање на приемните испити вели дека прашањата најчесто се состојат од академски разговори за насоката во којашто сакате да учите.
„Овие интервјуа се сосема ново искуство за повеќето студенти, и знаеме дека поголемиот дел од потенцијалните кандидати веќе се загрижени за разговорите кои ќе ги водат на непознато место со непознати луѓе. Сакаме да нагласиме дека секое прашање кое нашите ментори го поставуваат има цел и преку него се проценува како идните студенти размислуваат за одредена тема и одговараат на новите информации и непознати идеи. Се надеваме дека некои помалку очигледни прашања ќе ги убедат кандидатите дека менторите едноставно сакаат да видат како тие размислуваат“, изјави Кан.
Таа додава дека не ги интересира рецитирањето на она што кандидатите го научиле, туку сакаат да им ги покажат нивните способности и потенцијал, односно со своето знаење да решаваат нови проблеми.
Катедра за ориентални студии: Дали археологијата може да ја докаже или негира Библијата?
Бидејќи студентите се запишуваат на различни насоки, прашањата се прилагодуваат. Кај ова прашање важно е кандидатите да покажат сфаќање дека Библијата е скап документ напишан и пренесуван неколку векови, и дека традицијата која таа ја пренесува силно влијае на историјата, но академското проучување на Библијата треба да биде внимателно проучувано - од каде таа традиција доаѓа и зошто е напишана.
„Се надевам дека кандидатите ќе сфатат дека постојат различни видови на докази, некои овозможуваат целосна слика, додека други се контрадикторни“, вели професорката Алисон Салвесен.
Катедра за биомедицина: Зошто шеќерот во урината е добар показател дека човек има дијабетес?
Ова прашање е врз основа на стекнатото знаење на часовите по биологија и хемија во средно училиште. Добро е познато дека шеќерната болест е поврзана со нивото на шеќер во урината, а прашањето е насочено кон причината зошто е тоа така. Кандидатите треба да знаат дека бубрезите ја филтрираат крвта и го отстрануваат отпадот како што е уреата, но не ја острануваат супстанцата како што е глукоза. Ова се должи на фактот дека глукозата обично не се наоѓа во урината, такашто студентите мораат да одговорат дека таа поминува со урината преку бубрезите.
Овој процес вклучува апсорпција на протеините што ги врзуваат молекулите на глукозата и ги отстрануваат од бубрежните тубули во крвта.
Катедра за експериментална психологија: Кој број од 0 до 100 би го избрале за да учествувате во игра во која 100 луѓе избираат еден број и ставаат една фунта на него како влог? Победникот е личноста чијшто број е најблиску за две третини од просекот на избраните броеви.
Ова прашање делумно вклучува аналитички и нумерички вештини. Некои луѓе велат дека првото решение е 66 или 67, односно две третини од 100, но тогаш сфаќате дека мала е веројатноста баш сите останати да изберат 100. Некои тврдат деа е 33, верувајќи дека просекот е 50, но тогаш помислуваат дека и другите би избрале 33, па намалуваат за третина се` додека на дојдат до 0.
„Тогаш им го поставувам прашањето кое го покажува нивното широко размислување, колку е веројатно сите да поминат низ истиот процес на размислување и да размислуваат како нив“, вели професорот Ник Јеунг.
Катедра за економија и менаџмент: Дали банкарите ги заслужуваат нивните плати или владата треба да го ограничи износот на парите кои тие ги заработуваат?
Ова е доста актуелно прашање, а едноставниот одговор е дека банките најчесто приватни и вработените можат да работат што сакаат, а платата ја добиваат како резултат на конкуренцијата на пазарот на трудот. Банкарите заработуваат многу бидејќи се вешти и имаат ретки таленти. Тешко е да се најде причина за владина интервенција. Добриот кандидат ќе запраша зошто наизглед подеднакво талентираните луѓе се повеќе платени во банкарството отколку во другите професии.
Катедра за филозофија, политика и економија: Зошто приходот на жител по глава е 50 фо 100 пати поголем во Америка отколку во Бурунди и Малави?
„Прашањето е врз основа на најважниот економски проблем кој постои: затоа што некои земји се богати, а други сиромашни. Не постои едноставен и единствен одговор. Кандидатите мораат да размислат за сите потенцијални причини за економскиот јаз. Добра почетна точка е да размислат дали капиталот и технологијата им се достапни на работниците во различните земји на ист начин, а ако не им се достапни, зошто. Американските вработени се повеќе продуктивни бидејќи имаат пристап до најдобрата технологија, но зошто сиромашните земји едноставно не купат иста технологија и не бидат еднакво продуктивни? Една од причините е квалитетот на образованието. Другите фактори кои влијаат на економската моќ на земјата се наметнатите рестрикции на извозот, граѓанските војни и болести.
„Трикот е во тоа да размислувате што пошироко и да не се обидувате одговорите да ги извлечете од некоја лекција што сте ја научиле“, вели професорот Брајан Бел.
Катедра за инженерство: Поставете линијар од 30 сантиметри на врвот на прстите од двете раце. Што се случува кога ќе ги приближите прстите?
Ова прашање никогаш не се појавило на приемен испит. Речиси секој ќе одговори дека линијарот ќе падне од едната страна на тој прст што поблиску е до неговата средина. Потоа се обидуваат во пракса и гледаат дека и двата прсти се до центарот на линијарот, а тој нема да падне.
„Сакаме да видиме како кандидатите реагираат на неочекувани резултати и потоа ги поттикнуваме повторно да го започнат експериментот“, вели професор Стив Колинс.