Дневните рутини и навики на најуспешните луѓе

Дневните рутини и навики на најуспешните луѓе

Подготвил: Тамара Гроздановски

рутина 

 

Имајќи ја во предвид поговорката „По утрото се познава денот“, успешните луѓе имаат доста разработени и прецизни навики и планови секој ден. Познатите писатели, успешните бизнисмени, па дури и претседателите на земјите посебно се фокусираат на нивната утринска рутина.


Секојдневниот и најважниот ритуал во животот на Барак Обама е физичката кондиција и времето со семејството. Тој го започнува денот со вежбање од 6.45 часот наутро, чита неколку весници, појадува со семејството и после сето тоа се „фрла“ на работа пред 9 часот. Иако работи до 22 часот, секој ден прави пауза за да вечера со семејството.

Мишел Гас, претседателката на „Starbucks“ повеќе од 15 години се буди секое утро во 4.30 часот наутро и оди на трчање. Таа верува дека нејзиното рутинско утро и помогнало во зајакнување на нејзината среќа и успехот на работа.

Писателот Френц Кафка го започнувал својот ден на работа. Работел на Институтот за работничко осигурување,  и таму го поминувал секој ден од 9.30 до 15.30 часот. После тоа тој ручал во 16.30 и спиел до 20.30 навечер. Откако ќе се разбудел, правел вежби и јадел со семејството. Започнувал да пишува околу 23 часот и работел до 1 или 2 часот наутро.

Рутината на Винстон Черчил можеби не е за секого бидејќи била со јадење и пиење во големи количини. Се будел околу 8.30, но останувал во кревет до 11 часот, а потоа појадувал, читал весници и диктирал одредени работи на својата секретарка.

Откако ќе станел од кревет се капел, шетал надвор, и потоа седнувал да работи со слабо виски измешано со сок. Ручекот го започнувал околу 13 часот и траел до 16.30.

После ручекот продолжувал со работа или играл карти и бекгемон со својата сопруга. Во 17.00 часот легнувал да дремни околу еден сат, потоа повторно се капел и се подготвувал за вечера, која за него била најважниот дел од денот со доста луѓе, пијалок, пушење цигари и сето тоа се одвивало после полно/

Откако ќе си оделе гостите, работел еден час пред да легне да спие.

Стив Џобс, ко-основачот на „Apple“, секое утро се гледал во огледало и се прашувал себеси: „Ако денес е последниот ден од мојот живот, дали би бил задоволен со својот план за денес?“. Доколку одговорот бил негативен, знаел дека нешто мора да промени.

Бил Гејтс, еден од основачите на „Microsoft“ наутро еден час поминува трчајќи.

Ана Винтур, уредничката на „Vouge“ магазинот се буди пред зората. Во 6.45 таа веќе завршува со тенис тренингот, а после тоа оди на фризер. До 9 часот наутро таа веќе е во канцеларијата.

Бенџамин Франклин својот распоред го одржувал доста густ, будејќи се во 4 часот. До 8 часот веќе бил искапен, јаден и размислувал за работи кои тој ден требало да ги постигне. Од 8 до 12 јадел, ручал од 12 до 1 часот, а со тоа читал и ги прегледувал сметките.

Потоа работел до 17 часот напладне, а вечерата ја поминувал јадејќи, слушајќи музика, чистејќи или разговарајќи до 22 часот.