УКИМ ќе се рекламира на билборди

УКИМ ќе се рекламира на билборди


 
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се рекламира на билборди, а за оваа намена ќе се потрошат околу единаесет и пол илјади евра.

Во предметот на договорот за јавната набавка стои дека станува збор за рекламни материјали, а проценетата вредност без ДДВ е 702.959 денари. Во подеталниот опис на предметот се бара изработка на материјали за реклама, пропаганда и репрезентација за потребите на Универзитетот, а критериум за доделување на договорот е најниската цена. Крајниот рок за доставување на понудите е 27 октомври, кога и ќе се случи јавното отварање.

Што ќе стои на билбордите на кои ќе се рекламира УКИМ, дали ќе бидат поставени само во Скопје, дали ќе се рекламираат поедини факултети, студиски програми, програми за стипендии и мобилност или нешто друго, официјално не успеавме да дознаеме бидејќи од Ректоратот не ни одговорија на поставените прашања. Универзитетски професори сметаат дека рекламирањето денес е потреба која не може да ја игнорираат и државните образовни институции.

- Денес секој Универзитет има потреба од реклама бидејќи конкуренцијата станува голема, а се бориме за секој студент. Младите денес сакаат информацијата да ја добијат лесно, буквално да им се стави пред очи, па мора да одговараме на нивните потреби. Иако, немам информација што конкретно ќе рекламира УКИМ на тие билбодри претпоставувам дека ќе бидат некои новини околу новите насоки, стипендии и слично – вели професор од Економскиот факултет од УКИМ.