Активности кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето CV

Активности кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето CV

Подготвил: Тамара Гроздановски

Начинот на кој го поминувате времето надвор од работното опкружување е од голема важност и зборув многу за вас.

 

цв


Доколку сте во потрага по нова работа и ретко добивате позитивен одговор после испратено CV, можеби е време да го промените пристапот и во центарот на вниманието да ставите други сегменти од вашата личност, освен искуството во одредени деловни активности.

Размислете за овие три хобија со кои работодавецот ќе гледа различно на вашето CV и ќе ви даде предност во однос на другите кандидати.

1. Блог

За време на изборот за најдобар кандидат за работа многу рабодотавци ќе го пребараат вашето име на интернет. Затоа, за да се издвоите од останатите кандидати, експертите советуваат да започнете со пишување на блог и да имате многу поотворен пристап до социјалните мрежи.

 

2


Пишувањето на блог ќе ги покаже вашите вештини за пишување, уредување како и вашите сопствени интереси и желби кои ќе ја откријат вашата личност.

Но, во текот на пишувањето воздржете се од објавување на фотографии од забави или јавно изнесување на политичката припадност. Потрудете се да оставите впечаток на мотивирана и интересна личност, а не слика за досаден работник.

2. Патувања

Додека работодавците претходно можеби не гледаа позитивно на авантуристите склони кон патување, денешните генерации на менаџери ги гледаат придобивките на авантуристите кои постојано откриваат нови места и нова култура.

 

2


Ако сте човек кој сака да патува, тоа за вас зборува неколку работи: претпоставка е дека знаете да штедите (бидејќи патувањата не се евтини), знаете добро да планирате, имате отворен дух, зборувате англиски јазик или друг светски јазик, одлично се снаоѓате во непознато опкружување и имате голем број на предности во споредба со другите.

3. Тимски спорт

Луѓето кои учествуваат во тимски спортови и се занимаваат со ваков вид на рекреација, се склони кон тимска работа, но исто така се свесни за себе, за своите вредности и недостатоци.

 

3


Секој потенцијален работодавец сака членови кои ќе се вклошат во тимови и ќе бидат најдобри на својата позиција но и корисни и дарежливи кон своите колеги.